YouVersion Logo
Search Icon

1 ЛЕТОПИСИ 25

25
4. Должности на свирачи
1Давид со воените заповедници ги избра за служба Асафовите, Емановите и Једутуновите синови, кои ќе пејат восхитувачки пофалби со гуслиња, псалтири и кимвали; меѓу нив беа изброени луѓето за работа во својата служба: 2од Асафовите синови: Захур, Јосиф, Нетаниј и Асарил; Асафови синови под раководство на Асаф, кој пееше восхитувачки пофалба по царска наредба. 3Од Једутун: шесте Једутунови синови: Гедалиј, Сориј, Есаиј, Симеј, Асавиј и Мататиј под управа на својот татко Једутун, кој пееше восхитувачка пофалба со гусле славејќи Го и фалејќи Го Господа. 4Од Еман: Емановите синови: Вукиј, Матаниј, Озил, Севуил, Еримот, Ананиј, Елијат, Гидалтиј, Ромамти-Езер, Јосвекас, Малотиј, Отир, Мазиот. 5Сите тие му беа синови на царскиот гледач Еман, кој ги објавуваше Божјите работи за да ја возвиси Неговата сила; а Бог му даде на Емана четиринаесет синови и три ќерки. 6Сите тие под водство на својот татко Асаф, та Једутун и Еман, пееја во Господовиот Дом, со кимвали, псалтири и гуслиња, по царска повелба. Беа, со нивните браќа, извежбани во пеење на Господови песни, двеста осумдесет и осум, сите беа вешти во тоа. 8Фрлија жрепки за својата службена должност, најмалиот исто како и најголемиот, учителот како и ученикот.
9Првата жрепка падна на Асафовиот Јосиф, втората на Гедалиј со неговите браќа и со синовите, нив дванаесет; 10третата на Захур со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 11четвртата на Исриј со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 12петтата на Нетаниј со неговите синови и со браќата, нив дванаесет; 13шестата на Вукиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 14седмата на Есарил со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 15осмата на Есаиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 16деветтата на Матаниј со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 17десеттата на Симеј со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 18единаесеттата на Азереил со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 19дванаесеттата на Асавиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 20тринаесеттата на Суваил со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 21четиринаесеттата на Мататиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 22петнаесеттата на Еремот со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 23шеснаесеттата на Ананиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 24седумнаесеттата на Јосвекас со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 25осумнаесеттата на Ананиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 26деветнаесеттата на Малотиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 27дваесеттата на Елијат со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 28дваесет и првата на Отир со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 29дваесет и втората на Гидалтиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 30дваесет и третата на Мазиот со неговите синови и браќа, нив дванаесет; 31дваесет и четвртата на Ромамти-Езер со неговите синови и браќа, нив дванаесет.

Currently Selected:

1 ЛЕТОПИСИ 25: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in