YouVersion Logo
Search Icon

1 ЛЕТОПИСИ 23

23
Ж. Уредби за богослужба во Храмот
1. Левити
1Откако остаре и им се насити на деновите, Давид го постави својот син Соломон за цар над Израел. 2Потоа ги собра сите израелски кнезови, свештеници и левити. 3Тој ги преброи левитите од триесет години нагоре, и беа триесет и осум илјади машки глави. 4Меѓу нив беа дваесет и четири илјади од оние кои управуваа со работата околу Господовиот Дом, а шест илјади надгледници и судии, 5пет илјади вратари и четири илјади од оние кои Го фалеа Господа со свирки што ги направи за фалење. 6Давид ги подели на редови според Левиевите синови: Гирсон, Кат и Мерариј. 7Од Гирсоновото колено беа: Ладан и Симеј. 8Ладанови синови: главатари: Ехил, Зетам и Јоил, тројца. 9Симееви синови: Селомит, Азил и Харан, нив тројца; тоа се главатари на Ладановите семејства. 10Симееви синови: Јат, Зиза, Јеус и Вериј. Тие четворица се Симееви синови. 11Јат беше главатар, а вториот Зиза; а Јеус и Вериј немаа многу деца, затоа се броеја во едно семејство, во еден дом. 12Каатови синови: Амрам, Исар, Еврон и Озил, четворица. 13Амрамови синови: Арон и Мојсеј. Арон беше одреден да ја осветува Светината над светините; тој и неговите синови довека, да кадат пред Господа, да Му служат и да благословуваат во Негово Име довека. 14Мојсеј беше Божји човек. Неговите синови се вбројуваат во Левиевото племе. 15Мојсееви синови се: Гирсом и Елиезер. 16Гирсомови синови: главатарот Севуил. 17Елиезерови синови беа: главатарот Реавиј. Елиезер немаше други синови, туку Реавиевите синови се намножија многу. 18Исарови синови: главатарот Селомит. 19Евронови синови: главатар Ериј, втор Амариј, трет Јазил, четвртиот Екамеам. 20Озилови синови: главатар Миха, втор Есиј.
21Мерариеви синови: Елеазар и Кис. 22Елеазар умре немајќи синови, туку само ќерки, кои ги зедоа за свои жени нивните роднини, Кисовите синови. 23Мусиеви синови: Малиј, Едер и Јеремот, тројца.
2. Должности на левити
24Тоа беа Левиевите синови според домовите на татковците, главатари на семејствата, кои беа запишани по име; тие ја вршеа работата за служба на Господовиот Дом во доба од дваесет години нагоре. 25Давид рече: „Господ, Израелевиот Бог, Му даде мир на Својот народ и ќе живее довека во Ерусалим. 26Затоа веќе ни левитите не ќе ги носат веќе ни Шаторот ни разновидните прибори за негова служба.“ 27Според последните Давидови зборови, беа пребројани Левиевите синови од дваесет години нагоре. 28Беа одредени да бидат покрај Ароновите синови во служба во Господовиот Дом, во преддворјата и во тремовите, за да ги чистат сите свети работи, за да работат во служба во Господовиот Дом, 29исто за лебните приноси, за пченичното брашно за принос, за бесквасните колачиња зготвени во сад и замешани во масло и за мерките за тежина и за должина; 30за да пристапуваат секое утро, да Му благодарат на Господа и да Го слават: така и навечер. 31А кога и да Му се принесуваат паленици на Господа, во сабота, при млада месечина и во празниците, да доаѓаат според својот број, според својот ред, секогаш пред Господа. 32И за да ги заштитуваат на средбата: и Светилиштето и своите браќа, Ароновите синови, при службите во Господовиот Дом.

Currently Selected:

1 ЛЕТОПИСИ 23: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in