1 ЛЕТОПИСИ 14
14
2. Давидова сила и богатство
а. Дворец и семејство
1Тирскиот цар Хирам му испрати на Давида пратеништво и кедрови дрва, ѕидари и дрводелци за да му градат дворец. 2Тогаш Давид созна дека Господ го потврди за цар над Израел и дека го возвишил неговото царство заради Својот Израелски народ. 3Давид зеде уште жени во Ерусалим и имаше уште синови и ќерки. 4Еве ги имињата на децата што му се родија во Ерусалим: Самуј, Совав, Натан, Соломон, 5Евар, Елисуј, Елфалет, 6Нога, Нефег, Јафија, 7Елисам, Велијад и Елифалет.
б. Победи над Филистејци
8Кога Филистејците чуја дека го помазаа Давида за цар над сиот Израел, сите излегоа за да го бараат Давида. Откако го чу тоа, Давид излезе пред нив. 9Филистејците дојдоа и се раширија по Рафајската Долина. 10Тогаш Давид Го праша Бога: „Можам ли да ги нападнам Филистејците? Сакаш ли да ми ги предадеш мене во рацете?“ Господ му одговори: „Нападни, зашто ќе ти ги предадам тебе во рацете!“ 11Тогаш тргнаа во Вал Ферасим, и Давид таму ги истепа. Давид рече: „Бог навлегува меѓу моите непријатели со мојата рака, како што навлегува водата.“ Затоа она место беше наречено Вел Ферасим. 12Таму ги оставија своите богови; а Давид заповеда и ги изгореа во оган.
13Пак Филистејците се раширија по онаа долина. 14Давид пак Го праша Бога, а Бог му одговори: „Не оди по нив, туку опкружи ги и нападни врз нив од спротивната страна на Бекаим. 15Па кога ќе чуеш шум од чекори по Бекаимските Врвови, тогаш излези во бој, зашто тогаш Бог ќе оди пред тебе за да ја погуби филистејската војска. 16Давид направи како што му заповеда Бог; и ја поразија филистејската војска од Гаваон до Гезер. 17Давидовото име се прочу по сите земји, а Господ им влеа страв од него на сите народи.
Currently Selected:
1 ЛЕТОПИСИ 14: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.