YouVersion Logo
Search Icon

1 ЛЕТОПИСИ 12

12
3. Давидови другари и војсководачи во Сиклаг
1Еве ги оние што дојдоа кај Давида во Сиклаг, додека уште се криеше од Саула синот Кисов, и кои беа меѓу јунаците помагачи во бојот; 2умееја да ракуваат со лакот и со десницата и со левицата, и знаеја да се служат со камења и со стрели. Од Сауловите браќа, Венијаминовците: 3началникот Ахиезер и Јоас, синови на Гаваецот Семај, па Езил и Фелет, синови Азмаветови, и Верах и Јуј Анатотец; 4Гаваонец Исмај, јунак меѓу триесетмината и над триесетмината, Еремиј, Јазаил, Јоанан и Јозавад Гедиротец; 5Елузај, Еримот, Валиј, Семариј и Сефатиј Аруфец; 6Елкана, Есиј, Азареил, Јоезер и Јасовеам, Кореовци; 7Јоил и Зевадиј, синови на Јероам Гедорец. 8Некои Гадовци преминаа кон Давида во тврдината во пустината, храбри јунаци, воини, вешти на бој, вооружени со штит и со копје; лицата им беа како лавски, а беа брзи како срни по горите: 9началникот Есер, втор Овадиј, трет Елијав; 10четврти Мисман, петти Еремиј, 11шести Атај, седми Елил; 12осми Јоанан, деветти Елзавал, 13десетти Еремиј, единаесетти Мохванај. 14Тоа беа воени старешини од Гадовите синови, најмалиот над стотина, а најголемиот над илјада. 15Тоа се оние кои во првиот месец преминаа преку Јордан, кога се разлеа преку сите свои брегови, и кои ги растераа сите жители од длабоките долини на исток и на запад.
16Дојдоа и од Венијаминовите и од Јудините синови кај Давида во тврдината. 17Давид излезе пред нив и, откако проговори, им рече: „Ако доаѓате со мир кај мене за да ми помогнете, моето срце ќе се соедини со вашето; ако дојдовте за да ме предадете на моите непријатели, Бог на нашите татковци нека види и нека суди, зашто нема неправда врз моите раце!“ 18Тогаш духот го опфати Амасај, началникот над триесетмината, и тој рече: „Тебе, Давиде! Со тебе, Јесеев сине, мир! Мир со тебе, мир со оној кој ти помага, зашто твој помошник е твојот Бог!“
Така Давид ги прими и ги постави меѓу војводите над четите. 19Некои од Манасиевите синови преминаа кај Давида кога одеше со Филистејците во бој против Саула, но не им помогна, зашто филистејските кнезови, откако размислија добро, го отпуштија, велејќи: „Би можел да премине кај својот господар Саул, а тоа ќе нѐ чини главите.“ 20И така кога се враќаше во Сиклаг, преминаа кај него од Манасиевото племе: Адна, Јозавад, Едијаил, Михаил, Јозавад, Елиуј и Салтај, главатари илјадници во Манасиевото племе. 21Тие му помагаа на Давида против разбојничките чети, зашто сите беа храбри јунаци, та станаа заповедници во неговата војска. 22Навистина одден наден доаѓаа кај Давида за да му помагаат, сѐ додека неговата војска не стана огромна како Божја војска.
23Еве го бројот на луѓето вооружени за војна, кои дојдоа кај Давида во Хеврон за да го пренесат на него Сауловото царство, според Господовата повелба: 24Јудини синови, кои носеа штит и копје, шест илјади и осум стотини вооружени за војна. 25Од Симеоновите синови, храбри јунаци за војна, седум илјади и сто. 26Од Левиевите синови четири илјади и шест стотини. 27Така и Јодај, главатар на Ароновите потомци, и со него три илјади и седум стотини; 28и младиот Садок, храбар јунак, и од неговиот род дваесет и два кнеза. 29А од Венијаминовите синови, од Сауловите браќа, три илјади, зашто дотогаш најголемиот дел уште му остана верен на Сауловиот дом. 30Ефремови синови дваесет илјади и осум стотини, сѐ храбри јунаци, луѓе на глас во своите семејства. 31Од половината Манасиево племе осумнаесет илјади спомнати по име, за да дојдат да го зацарат Давида. 32Од Исахаровите синови, кои умееја да го разберат своето време и да сознаат што треба да направи Израел; двеста нивни главатари. Сите нивни браќа им беа подложени. 33Од Завулоновите синови, способни за војна и вооружени за бој со секакво бојно оружје, педесет илјади, кои со смело срце се подредија во бојни редови. 34Од Нефталимовото племе илјада кнезови и со нив триесет и седум илјади луѓе со штитови и со копја; 35од Дановото племе дваесет и осум илјади и шест стотини вооружени за бој, 36а од Асировото племе четириесет илјади способни за војска и за бој опремени. 37Од оние отаде Јордан, од Рувимовото, од Гадовото и од половината Манасиево племе, сто и дваесет илјади луѓе со секакво воено оружје.
38Сите тие војници, подредени во бојни редови, дојдоа со чесно срце во Хеврон за да го зацарат Давида над сиот Израел; и сите други Израелци беа еднодушни за да го постават Давида за цар. 39Поминаа три дни со Давида, јадејќи и пиејќи. Браќата подготвија сѐ за нив. 40Нивните најблиски соседи, сѐ до Исахар, Завулон и Нефталим, донесуваа храна на ослиците, на камилите и на мазгите, а со воловите јадења: брашно, смоквени низаници, суво грозје, вино, масло, крупен и ситен добиток изобилно, зашто беше веселба во Израел.

Currently Selected:

1 ЛЕТОПИСИ 12: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in