YouVersion Logo
Search Icon

Марко 2

2
ГЛАВА 2
(Зачало 7)
1По неколку дни, Он повторно влезе#Недела втора на Вел. пост: Во она време, влезе Исус во во Капернаум; и се чу дека е во една куќа.
2Веднаш се собраа мнозина, така што и пред вратата не можеа да се сместат; а Он им зборуваше.
3И дојдоа при Него со еден фатен, кого што го носеа четворица;
4па, како не можеа да се приближат до Него од народот, го открија и го раскопаа покривот од куќата, каде што беше Он, и ја спуштија постелката, на која лежеше фатениот.
5А Исус, кога ја виде верата нивна, му рече на фатениот: – Синко, ти се простуваат гревовите твои!
6Таму седеа некои од книжниците и помислија во срцата свои:
7– Што хули Овој на Бога? Кој друг може да простува гревови, освен Единиот Бог?
8Исус, веднаш, штом узна со Својот дух, дека тие така мислат во себе, им рече: – Зошто го помислувате тоа во срцата свои?
9Што е полесно, да му кажам на фатениов: – ти се простуваат гревовите, или да речам: – стани, земи ја постелката своја и оди?
10Ама за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да ги простува гревовите, му рече на фатениот:
11– Тебе ти велам: стани, земи ја постелката своја и оди си дома!
12И веднаш стана, па штом ја зеде својата постелка, се појави пред сите, така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велејќи: – Никогаш вакво чудо не сме виделе.
Крај на неделата
(Зачало 8)
13Пак излезе покрај морето, и сиот народ доаѓаше при Него, и Он ги поучуваше.
14И кога одеше,#Сабота трета на Вел. пост: Во она време, врвејќи Исус го виде Левија Алфеев, кој седеше на царинарницата, и му рече: – Врви по Мене! Тој стана и тргна по Него.
15А кога седеше Исус на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и учениците Негови, и многу цариници и грешници; бидејќи тие беа мнозина и врвеа по Него.
16Книжниците и фарисеи те, штом Го видоа да јаде со цариници и грешници, им рекоа на учениците Негови: – Зошто со цариници и грешници јаде и пие?
17Кога го чу тоа Исус, им рече: – Здравите немаат потреба од лекар, а болните. Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание.
Крај на саботата
(Зачало 9)
18Учениците на Јована и на фарисеите постеа. И приоѓаа некои, па му велеа:#Петок од 12-та седмица по Педесетница: Учениците на Јована и на фарисеите постеа. И приоѓаа некои, па Му велеа на Исуса: – Зошто учениците Јованови и на фарисеите постат, а Твоите ученици не постат?
19Исус им рече: – Зар можат сватовите да постат, кога младоженецот е со нив? За сето време, додека е со нив младоженецот, тие не можат да постат;
20но, ќе дојдат дни, кога ќе се оттргне младоженецот од нив и тогаш, во тие денови, ќе постат.
21Никој не крпи стара облека со нова крпа; оти таа ќе се отшие од старото, и дупката ќе биде поголема.
22И никој не става ново вино во стари мевови; инаку, новото вино ќе ги напукне мевовите и виното ќе истече, а и мевовите ќе се упропастат; туку ново вино треба да се тура во нови мевови.
Крај на петокот
(Зачало 10)
23И се случи да минува#Сабота прва на Вел. пост: Во она време, минуваше Исус во сабота преку нивјето, и учениците Негови, врвејќи, почнаа да кинат класје.
24А фарисеите Му рекоа: – Гледај, зошто учениците во сабота го прават тоа, што не треба да се прави?
25Но Он им рече: – Зар никогаш не сте читале што направи Давид, кога имаше потреба и огладне, самиот тој и оние, што беа со него?
26Откако влезе во домот Божји, при првосвештеникот Авијат, и ги изеде лебовите на предложението, коишто не смееше да ги јаде никој друг освен свештениците, а им даде и на оние, што беа со него.
27И им велеше: – Саботата е за човекот, а не човекот за саботата.
28Па така, Синот Човечки е господар и на саботата.

Currently Selected:

Марко 2: MK2008

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in