YouVersion Logo
Search Icon

Марко 15

15
ГЛАВА 15
(Зачало 66)
1И веднаш утредента,#Четврток од Месопусната седмица: Во она време, направија совет првосвештениците со старешините и книжниците, и целиот Синедрион, па, откако Го врзаа Исуса, Го одведоа и Го предадоа на Пилата.
Крај на средата
2И Пилат Го праша: – Ти ли си Царот Јудејски? А Он одговори и рече: – Ти велиш.
3И првосвештениците Го обвинуваа многу.
4А Пилат повторно го праша и рече: – Ништо ли не одговараш? Види колку многу сведочат против Тебе!
5Но Исус ништо повеќе не одговори, така што Пилат се чудеше.
6А на секој празник им отпушташе по еден осуденик, кого што ќе го побараа.
7И беше еден по име Варава, осуден со другарите свои, кои во една буна извршиле убиство.
8И кога извика народот, почна да го моли Пилата да им го направи она, што им го правел секогаш.
9А тој им одговори и рече: – Сакате ли да ви Го пуштам Царот Јудејски?
10Оти знаеше дека првосвештениците Го беа предале од завист.
11Но, првосвештениците го наговорија народот да бара да им го пушти Варава.
12А Пилат, повторно им одговори и рече: – Што сакате да направам со Оној, што Го именувате Цар Јудејски?
13Тие одново извикаа, велејќи: – Распни Го!
14Пилат им рече: – Какво зло направил? Но тие уште посилно извикаа: – Распни Го!
15Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава; а Исуса Го биеше и Го предаде да Го распнат.
Крај на четвртокот
(Зачало 67)
16Војниците, пак, Го одведоа#Евангелие шесто за св. страданија Христови: Во она време, војниците Го одведоа Исуса (Ова и на третиот час, без изоставање. И на ризата Господова, на литургијата). внатре во дворот, односно, во судницата, и повикаа цела чета,
17па Му облекоа пурпурна наметка, и откако сплетоа трнов венец, Му го ставија на главата;
18и почнаа да Го поздравуваат: – Радувај се, Царе Јудејски!
19И Го биеја по главата со трска и плукаа на Него; паѓајќи на колена, Му се клањаа.
20А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа пурпурната наметка, Му ја облекоа Неговата облека и Го поведоа да Го распнат.
21И натераа еден минувач – некојси Симон Киринеец, таткото на Александар и Руф, којшто се враќаше од поле, да Му го носи крстот.
(Зачало 68)
22Па Го одведоа#Петок од Месопусната седмица: Во она време, кога Го фатија војниците Исуса, Го одведоа да Го распнат на местото Голгота, што значи: место на черепи.
23И Му даваа да пие вино со смирна, ама Он не зеде.
24Тие што Го распнаа, ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждрепка, – кој, што да земе.
Читај во петокот
25Беше третиот час, и Го распнаа.
Изостави пак во петокот
26И имаше натпис за вината Негова: „Царот Јудејски“.
27А со Него распнаа и двајца разбојници, едниот од десната Негова страна, а другиот од левата.
28И се исполни Писмото, кое вели: „и меѓу беззаконици Го ставија“.
29А минувачите, вртејќи глава, Го хулеа и велеа: – Уа! Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш,
30спаси се Себеси и слези од крстот!
31Исто така и првосвештениците, заедно со книжниците, Му се смееја и велеа: – Другите ги спасуваше, а Себеси не може да се спаси.
32Христос, Царот Израилев, нека слезе сега од крстот, па да видиме и да поверуваме.
Крај на шестото евангелие за св. страданија Христови и на ризата Господова
Го хулеа и распнатите со Него.
Читај во петокот
33А во шестиот час, настана темнина по целата земја, до деветтиот час.
34И во деветтиот час, Исус извика гласно, велејќи: – Елои, Елои, лама савахтани? – што значи: – Боже Мој, Боже Мој, зошто си Ме оставил?
35Некои од оние, што стоеја таму, штом чуја, рекоа: – Ете, го вика Илија.
36А еден отрча, натопи сунѓер во оцет, па откако го закачи на трска, Му даваше да пие, велејќи: – Почекајте да видиме, ќе дојде ли Илија да Го симне?
37Исус, пак, кога испушти висок глас, издивна.
38И храмовата завеса се расцепи на две, одозгора додолу.
39А стотникот што стоеше спроти Него, кога виде дека Он, откако извика така и издивна, рече: – Навистина Овој Човек бил Син Божји!
40Имаше и жени што оддалеку; меѓу нив беше и Марија Магдалина; и Марија, мајка гледаа им на Јаков Малиот и на Јосија, и Саломија,
41коишто и тогаш, кога Он беше во Галилеја, врвеа по Него и Му служеа; – и многу други што беа дошле со Него во Ерусалим.
Крај на петокот и на третиот час
42И кога се стемни веќе, бидејќи беше петок, односно, спроти сабота,
(Зачало 69)
43Дојде#Евангелие 10-то за св. страданија Христови: Во она време, дојде (Ова и во третата недела по Велигден на Мироносиците). Јосиф од Ариматеја, угледен синедрионец, којшто и самиот го очекуваше царството Божјо, се осмели и влезе при Пилата и го помоли за телото Исусово.
44Пилат се зачуди дека Он веќ е умрел; и кога го повика стотникот, го праша: – Зар веќе умрел?
45Па штом узна од стотникот, му го даде телото на Јосифа.
46А Јосиф купи плаштаница, Го симна и Го обви во плаштаницата, и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа; и навали камен на гробната врата.
47А Марија Магдалина и Марија Јосиева гледаа каде Го полагаат.
Крај на десеттото евангелие за страданијата Христови

Currently Selected:

Марко 15: MK2008

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in