YouVersion Logo
Search Icon

Марко 11

11
ГЛАВА 11
(Зачало 49)
1И кога се приближи до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, при Маслиновата Гора, испрати Исус двајца#Понеделник од Месопусната седмица: Во она време, се приближи Исус до Ерусалим, и дојде во Витфагија и Витанија, при Маслиновата Гора, па испрати двајца од учениците,
2и им рече: – Одете во селоно што е наспроти вас, па штом ќе влезете во него, ќе најдете врзано магаренце, коешто ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го!
3И, ако ви рече некој: зошто го правите тоа? – Кажете дека Му е потребно на Господа; и тој веднаш ќе го прати тука.
4Тие отидоа и го најдоа магаренцето, врзано за портата однадвор, на раскрсницата, и го одврзаа.
5И некои од оние што стоеја таму, им рекоа: – Што правите? Зошто го одврзувате магаренцето?
6А тие им одговорија, како што им беше заповедал Исус, и тие ги оставија.
7И го доведоа магаренцето при Исуса, ги кладоа врз него алиштата свои, и Он седна на него.
8И мнозина ги постилаа своите облеки по патот.
9А оние што одеа пред Него и по Него, викаа и велеа: Осана! Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово!
10Благословено е царството на нашиот татко Давида, коешто доаѓа во името Господово! Осана во висините!
(Зачало 50)
11И влезе Исус во#Вторник од 17-та и 32-та седмица по Педесет ица: Во она време, влезе Исус во Ерусалим, и во храмот; разгледа сѐ; па како веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесетте во Витанија.
Крај на понеделникот
12А утредента, кога излегоа од Витанија, Он огладне;
13и кога оддалеку виде една смоква покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, оти уште не беше времето за смокви.
14И кога одговори Исус, ѝ рече: – Отсега, никој довека да не вкуси плод од тебе! И го чуја тоа учениците Негови.
15И пак дојдоа во Ерусалим. Кога влезе Исус во храмот, почна да ги пади оние што продаваа и купуваа во храмот, и ги преврти масите на менувачите и столовите на оние што продаваа гулаби;
16и не даваше да пренесе никој преку храмот каков и да било сад.
17И ги поучуваше, велејќи: – Не е ли напишано: „домот Мој, дом за молитва на сите народи ќе се нарече“; А вие го направивте како разбојничка пештера.
18И го чуја тоа книжниците и првосвештениците, и гледаа како да Го погубат, зашто се боеја од Него, оти сиот народ се восхитуваше на Неговото учење.
19А кога се смрачи, Он излезе надвор од градот.
20Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена од корен.
21И кога се сети, Петар Му рече: – Рави, гледај! Смоквата што ја проколна, се исушила.
22А Исус им одговори и рече:
(Зачало 51)
23И мајте#Среда од 17-та и 32-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Имајте вера во Бога. Оти, вистина ви велам: ако некој ѝ рече на оваа планина: – дигни се и фрли се в море! – и не се посомнева во срцето свое, а поверува дека ќ е биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.
Крај на вторникот
24Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете; и ќе ви биде.
25И кога стоите на молитва, проштевајте ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови.
26Ако ли, пак, вие не проштевате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.
Крај на средата
(Зачало 52)
27И пак дојдоа#Четврток од 17-та и 32-та седмица по Педесетница: Во она време, дојде Исус во Ерусалим; и кога одеше низ храмот, се приближија до Него првосвештениците и книжниците, и старешините,
28па Му рекоа: – Со каква власт го правиш тоа? И кој Ти ја дал таа власт да го правиш тоа?
29А Исус им одговори и рече: – Ќе ве прашам и Јас еден збор и одговорете Ми; па тогаш и Јас ќе ви кажам, со каква власт го правам тоа.
30Крштението Јованово од небото ли беше, или од луѓето? Одговорете Ми!
31А тие си мислеа во себе и велеа: – Ако кажеме: од небото, – ќе рече: па зошто не му поверувавте?
32Но, ако кажеме: од луѓето? – се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јована за вистински пророк.
33И кога Му одговорија на Исуса, рекоа: – Не знаеме! А Исус им одговори и рече: – Ни Јас не ви кажувам, со каква власт го вршам тоа.
Крај на четвртокот

Currently Selected:

Марко 11: MK2008

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in