YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 23

23
ГЛАВА 23
(Зачало 93)
1Тогаш Исус#Сабота од 14-та седмица по Педесетница: Во она време, Исус му проповедаше на народот и на учениците Свои,
2говорејќи: – На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите.
3Затоа, сѐ што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, оти тие говорат, а не извршуваат;
4врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги клаваат врз плеќите на луѓето, а сами не сакаат ни со прст да ги помрднат;
5и сите свои дела ги прават за да ги видат луѓето; ги рашируваат своите записи и прават големи поли на својата облека;
6сакаат први места по гозбите и предни места во синагогите,
7и поздрави по улиците, и да им велат луѓето: учителе, учителе!
8А вие, немојте да се викате учители, зашто еден е вашиот Учител – Христос, а вие сите сте браќа;
9и никого не викајте на земјата свој татко, оти еден е вашиот Отец, Кој е на небесата;
10и наставници немојте да се викате, зашто еден е вашиот Наставник – Христос.
11Но поголемиот меѓу вас, да ви биде слуга;
12зашто, кој се воздига – ќе биде понизен; а кој се понизува – ќе биде воздигнат.
Крај на саботата
(Зачало 94)
13Тешко#Понеделник од 11-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Јудејците што беа дошле кај Него: Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затворате царството небесно пред луѓето; оти, ниту вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние што сакаат да влезат.
14Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти ги подјадувате домовите на вдовиците и лицемерно долго се молите; заради тоа ќе добиете поголема осуда.
15Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто обиколувате по море и по суша за да добиете еден следбеник и кога ќе успеете во тоа, тогаш го правите син на пеколот, двапати полош од вас.
16Тешко вам, водачи слепи, кои велите: – ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но, ако се заколне некој во храмовото злато, виновен е.
17Безумни и слепи! Навистина, што е поголемо: златото или храмот, којшто го осветува златото?
18Исто така велите: – ако некој се заколне во жртвеникот, ништо не е; но, ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е.
19Безумни и слепи! Навистина, што е посвето: дарот или жртвеникот, којшто го осветува дарот?
20А кој ќе се заколне во жртвеникот, се колне во него и во сѐ што е врз него;
21и кој ќе се заколне во храмот, се колне во него и во Оној Кој живее во него;
22и кој ќе се заколне во небото, се колне во престолот Божји и во Оној што седи на него.
Крај на понеделникот
(Зачало 95)
23Т ешко#Вторник од 11-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Јудејците што беа дошле кај Него: Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти давате десеток од најситни семиња, нане, копар и кимин, а сте го оставиле најважното во Законот: правдата, милоста и верата; ова требаше да го правите, а и она да не го оставате.
24Водачи слепи! Вие комарецот го прецедувате, а камилата ја проголтувате.
25Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ја чистите чашата и чинијата однадвор, додека внатре тие се полни со грабеж и неправда.
26Слеп фарисеју, очисти ја чашата и чинијата, најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор.
27Тешко вам книжници и фарисеи, лицемери, оти многу личите на варосани гробови, кои однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија;
28така и вие, однадвор им се покажувате на луѓето како праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззаконие.
Крај на вторникот
(Зачало 96)
29Тешко#Среда од 11-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Јудејците што беа дошле кај Него: Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти ѕидате гробници за пророците и ги украсувате спомениците на праведните,
30и велите: – ако живеевме во дните на нашите татковци, немаше да станеме нивни соучесници во крвта на пророците;
31а со тоа сведочите сами против себе, дека сте синови на оние што ги убиле пророците.
32Дополнете ја и вие мерата на татковците ваши.
33Змии, породи ехидни, како ќе побегнете од пресудата за во пеколот?
34Затоа, ете, Јас праќам при вас пророци и мудреци и книжници; едните ќе ги убиете и распнете, а другите ќе ги биете по синагогите и ќе ги прогонувате од град во град;
35за да падне врз вас сета праведна крв што е пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел, па до крвта на Захарија, синот Варахиин, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот.
36Вистина ви велам: сето тоа ќе падне врз овој род.
37Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш испратените при тебе! Колкупати сакав да ги соберам чедата твои како квачка што ги собира пилињата свои под крилја, и вие не сакавте.
38Ете, ви се остава вашиот дом пуст.
39Оти, ви велам: нема да Ме видите отсега додека не кажете: благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово.
Крај на средата и на Велики Вторник, на утрената

Currently Selected:

Матеј 23: MK2008

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in