Захарија 5
5
Свиток што лета.
1Потоа пак ги подигнав очите и видов: а тоа лета свиток.
2И ме праша тој: »што гледаш?« Му одговорив: »гледам свиток како лета; должината му е дваесет лакти, а ширината десет лакти.«
3Тогаш ми рече: »Тоа е проклетството што ќе се излие врз целата земја; и секој што краде, ќе се истреби, како што е напишано на едната страна; и секој што се колне лажно, ќе се истреби – како што е напишано на другата страна.
4Јас го пуштив – вели Господ – и тој ќе влезе во домот на крадецот и во домот на оној, што се колне лажно во името Мое, и ќе остане во домот негов, и ќе ги истреби него, и дрвјата негови и камењата негови«.
5Тогаш влезе ангелот, што зборуваше со мене, и ми рече – подигни ги очите пак и погледај – што е она што излегува?
6А кога прашав: »што е тоа?« он ми одговори: она што излегува е ефа мерна, па додаде, тоа е образот нивни по целата земја.
7И, ете, одеднаш се издигна парче олово, а таму една жена седеше врз ефата.
8Ми рече тој: таа жена е беззаконието, па ја фрли среде ефата, а при отворот и го фрли парчето олово.
9И одново ги подигнав очите и видов: одеднаш се појавија две жени, и ветар имаше меѓу крилјата нивни; а крилјата им беа како крилја на штрк; и ја кренаа тие ефата и ја понесоа угоре меѓу земјата и небото.
10Го прашав ангелот, што зборуваше со мене: каде ја носат таа ефа?
11А тој ми одговори: – за да се изгради за неа дом во земјата Сенар, и кога ќе биде сѐ подготвено; тогаш таа ќе биде однесена и поставена на своето место.
Currently Selected:
Захарија 5: MK1990
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016