YouVersion Logo
Search Icon

Авакум 2

2
Утеха за верата. Проколнување за пропаста на гордите.
1Застанав на стража, и стоејќи на кулата, набљудував за да разберам, што ќе ми каже Он, и што да одговорам на укорот од Него.
2Ми одговори Господ и ми рече: Запиши го видението и одбележи го на плочи јасно, та оној, што ќе чита, да може да го прочита;
3зашто видението се однесува до определеното време; тоа зборува за свршетокот и нема да излаже; па, и ако се забави, чекај го, оти ќе наиде и нема да забави. Оној што иде, ќе дојде.
4И ете, гордата душа нема да се успокои, а праведникот преку варата ќе живее.
5Гордиот човек, како незовриено вино, нема да се успокојува; тој ја раширува душата своја како пеколот, и ненаситен е како смртта; ги собира при себе сите народи и ги ограбува сите племиња.
6Нема ли сите тие да го земат за приказ и да испеат иронична песна: »Тешко му на оној што без мерка се збогатува, и тоа не со свое, за долго ли? И натрупува залози.«
7Нема ли да станат наеднаш оние, што ќе те измачуваат, и нема ли против тебе да се кренат грабители и ти ќе им станеш за грабеж?
8Бидејќи си ограбил многу народи, и тебе ќе те ограбат сите други народи, зашто си пролеал човечка крв, зашто си ја разорил земјата, градот и сите што живеат во него.
9Тешко му на оној, што се лакоми кон неправедни печалби за домот свој, за да го изгради домот свој на високо и така да се запази од раката на злото.
10Си смислил тој срам за домот свој, откако истребил многу народи, и си згрешил против душата своја.
11Камењата од ѕидовите ќе повикаат и стегите дрвени ќе им одговорат:
12»Тешко му на оној кој ѕида град врз крв, и што гради тврдини врз неправда!«
13Ете, не е ли тоа од Господа Саваот што народите се трудат за оган и племињата се измачуваат напразно?
14Зашто земјата ќе се исполни со славата Господова онака како што водите го исполнуваат морето.
15Тешко му на оној што го пои ближниот свој со пијалок, измешан со злобата своја, за да ја види голотијата негова!
16Ти си презаситен со срам место со слава; пиј, пак, и ти и покажи ја голотијата своја и кон тебе ќе се сврти десницата Господова и срамот на славата твоја.
17Зашто твоето злодејание на Ливан ќе падне врз тебе, оти си истребувал уплашени животни, бидејќи си пролевал човечка крв, си ги опустошувал земјата, градот и сѐ што живее во него.
18Каква корист има од резан лик, направен од уметник, од тој излеан лажен учител, макар што вајар, правејќи неми идоли, ќе се надева на делото свое.
19Тешко му на оној, кој на дрво вели – »стани« – и на нем камен – »разбуди сѐ.« Ќе научи ли тој некого на нешто? Ете, тој е опкован со злато и сребро, но здив во него нема.
20Господ е во Својот свет храм: нека молчи целата земја пред лицето Негово!

Currently Selected:

Авакум 2: MK1990

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy