Исход 33
33
Мојсеј се моли за народот и копнее да ја види славата Господва.
1И му рече Господ на Мојсеја: »Крени се оттука ти и твојот народ, кого го изведе од земјата Египетска и оди во земјата, за која му се заколнав на Авраама, Исака и Јакова, велејќи: на потомството ваше ќе му ја дадам;
2и ќе испратам пред тебе Ангел Мој, а Он ќе ги изговни Хананејците, Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Гергесејците, Евејците и Јевусејците:
3и ќе те воведам во земјата, каде што тече мед и млеко; Самиот нема да одам со тебе, за да не те погубам по патот, бидејќи сте вие тврдоглав народ.«
4А народот кога го чу тој страшен збор, се расплака, во жални облеки.
5Оти Господ му беше рекол на Мојсеја: »Кажи им на синовите Израилеви: вие сте тврдоглав народ; внимавајте да не наведам на вас друга мака и да ве истребам; а сега соблечете ги од себе свечените облеки и накитот свој, а Јас ќе ви покажам што ќе направам со вас.«
6И ги извадија накитите и облеките од себе синовите Израилеви на планината Хорив.
7А Мојсеј го зеде шаторот свој, и го распна надвор од таборот, и се нарече скинија на собранието; и секој што Го бараше Господа, доаѓаше кај скинијата на собранието, која се наоѓаше надвор од таборот.
8И кога Мојсеј влегуваше во скинијата сиот народ стоеше на вратата од својот шатор, и гледаше по Мојсеја, додека не влезе во скинијата.
9А кога Мојсеј влегуваше во скинијата, се спушташе столб од облак и се задржуваше пред вратата на скинијата, додека Господ зборуваше со Мојсеја.
10И сиот народ го гледаше столбот од облак, кој стоеше пред вратата на скинијата; и сиот народ стануваше, и секој се клањаше пред влезот на својот шатор.
11И тогаш, Господ зборуваше со Мојсеја лице в лице, како што човек зборува со пријател свој. Потоа Мојсеј се враќаше во таборот, а помошникот негов Исус, синот Навинов, младич, не излегуваше од скинијата.
12И му рече Мојсеј на Господа: »Ете, Ти ми велиш: ‚изведи го тој народ,‘ и не ми јави кого ќе пратиш со мене, иако ми рече: ‚Јас те знам по името и ти најде милост пред Мене.‘
13Па, ако, сум нашол милост пред Тебе откри ми се да Те разберам, та и понатаму да најдам милост пред Тебе, и да узнаам дека овие луѓе се Твој голем народ.«
14И му рече Господ: »Јас Самиот ќе врвам пред тебе, и ќе те успокојам.«
15А Мојсеј му рече: »Ако Ти Самиот не појдеш со нас, тогаш не изведувај ни одовде,
16оти, по што ќе познаеме дека јас и народот Твој сме нашле милост пред Тебе, освен по тоа што Ти одиш со нас? И ќе се прославам јас и народот Твој повеќе од сите народи што се на земјата.«
17И Господ му рече на Мојсеја: »Ќе го направам и тоа, што го кажа, зашто ти најде милост пред Мене, и те познавам повеќе од сите.«
18Пак рече Мојсеј: »Покажи ми ја славата Своја.«
19Му одговори: »Ќе одам пред тебе со Моја слава, и ќе те повикам во името Мое: Господ е пред тебе, и кој е за помилување, ќе го помилувам, а кој е за утешение – ќе го утешам.«
20И потоа рече: »Но лицето Мое не ќе можеш да го видиш, зашто не може човек да Го види лицето Мое и да остане жив.«
21И пак рече Господ: »Ене место при Мене, застани на онаа карпа!
22А кога ќе помине славата Моја, ќе те ставам во пукнатината на карпата, и ќе те засолнам со раката Своја, додека не поминам;
23а кога ќе ја кренам раката Своја, ти ќе ме видиш од кон грбот, но лицето Мое не ќе ти се открие тебе.«
Currently Selected:
Исход 33: MK1990
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016