Исход 26
26
Скинијата.
1»Направи и скинија од десет платништа: од ткаен висон, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина; да направиш и херувими – извезена изработка.
2Должината на секое платниште нека е дваесет и осум лакти, додека ширината на секе платниште – четири лакти; таа мерка да биде за сите платништа.
3Петте платништа нека се придржуваат едно со друго, а петте други платништа нека се држат едно со друго.
4И направи сини врвки по работ на првото платниште, од едната страна за соединување; така направи и по работ на последното платниште: каде што ќе се соединуваа двете половини;
5педесет врвки направи на едно платниште, и песедет врвки направи по работ на другото платниште, каде што ќе се соединуваат со следното; да бидат едни спроти други, за да можат да се врзуваат.
6Направи и педесет кукучки од злато и со кукичките соедини го едното платниште со другито; и така скинијата ќе биде целосна.
7Потоа направи платништа од козина за покривање на скинијата; единаесет такви платништа направи.
8Едното платниште да е долго триесет лакти, а широко секои платниште, четири лакти; таа мерка да биде за сите единаесет платништа.
9И соедини ги петте платништа одделно, и шестте платништа одделно; шестото платниште кон влезот во скинијата свиткај го вудве.
10Направи и педесет врвки по работ на крајот од едното платниште, каде што ќе се соединат, и педесет кукички по работ на крајот од второто платниште, каде што ќе се соединуваат.
11И направи кукички педесет од бакар и состави ги кукичките со врвките, па соедини ги платништата, за да биде целина.
12А остатокот од платништата на скинијата превиткај го, нека биде таа половина спуштена над скинијата од задната страна;
13остатокот, пак, од должината на платништата на скинијата – лакот од едната страна и лакот од другата страна – нека бидат спуштени од страните на скинијата – од едната и од другата страна, за да ја покриват.
14И направи покрив над скинијата од кожи овнешки, црвено обоени, како и покривала од сини кожи – одозгора.
15Направи и столбови за скинијата од дрвото ситим:
16десет лакти нека биде долг секој столб, а лакот и половина широк еден столб;
17на секој столб нека има по два клина – еден спроти друг; така направи на секој столб за скинијата.
18Така направи столбови за скинијата: дваесет столбови од страната што е на југ,
19а под дваесетте столбови направи четириесет подножја од сребро: две подножја на еден столб за обата краја негови, и две подножја под другиот столб за обата краја негови;
20и дваесет столбови за другата страна на скинијата, од север,
21со четириесет подножја сребрени: две подножја на еден столб и две подножја под друг столб.
22А од задната страна на скинијата – што е од кај морето, направи шест столбови.
23И направи два столба за аглите на скинијата од задната страна;
24тие да бидат одоздола, а одозгора да се соединуваат со алка; така нека биде со двете; тие нека бидат за обата агла;
25и така ќе има осум столба со шеснаесет подножја сребрени: по две подножја под еден столб, и по две подножја под друг столб – на обата краја негови.
26Понатаму направи напречници од дрвото ситим, пет напречни столбови од едната страна на скинијата,
27и пет напречници на столбот од другата страна на скинијата, и пет напречници на столбот од задната страна на скинијата, што е кон морето;
28а средниот напречник да минува преку средината на столбот, од едниот крај до другиот.
29Столбовите позлати ги со злато, а и алките за нив направи ги со злато, во кои ќе со провлекуваат напречниците; па и напречниците да ги позлатиш со злато.
30Така ќе ја направиш скинијата според образецот, што ти беше покажан на планината.
31И направи завеса од сина, црвена и од темноцрвена ткаенина и ткаен висон, и на неа нека има уметнички извезени херувими.
32И закачи ја на четирите столба од дрвото ситим, опковани со злато, нивните врвови златни, а нивните подножја – сребрени.
33Потоа обеси ја зевесата на кукички, и обеси ја така таму завесата до ковчегот на сведоштвото, и завесата ќе го одделува светилиштето од свјатаја свјатих.
34И со завеса покриј го ковчекот на сведоштвото во свјатаја свјатих.
35Намести и трпеза пред завесата и светилник спрема трпезата, од јужната страна на скинијата, а трпезата постави ја на северната страна.
36И направи завеса за влезот во скинијата од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон.
37За таа завеса ќе направиш пет столбови од дрвото ситим, опковани со злато и со врвови златни; па ќе им излиеш за нив и пет подножја од бронза.
Currently Selected:
Исход 26: MK1990
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016