Колосјаните 1
1
Благодарност на Бога и молитва поради верата на Колосјаните. Славата на Христа и Неговото Евангелие.
1Од Павла, по волјата Божја апостол на Исуса Христа, и братот Тимотеј,
2до светиите и верните браќа во Исуса Христа што се во Колоси: благодат на вас и мир од Бога нашиот Отец и Господа Христа!
3Му благодариме на Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, молејќи се секогаш за вас,
4бидејќи чувме за вашата вера во Христа Исуса и за љубовта ваша, која ја имате кон сите светии,
5поради надеж на она што ви е определено на небесата, за кое порано чувте од вистинското слово на Благовестието,
6кое што е во вас, како и во целиот свет, и принесува плод и расте, како и меѓу вас од оној ден, кога ја чувте и познавте вистински Божјата благодат.
7Како што и узнавте од Епафрас, нашиот возљубен сотрудник, кој е верен слуга Христов заради вас,
8и кој нѐ извести за вашата љубов во Духот.
9Затоа и ние од оној ден, кога го чувме тоа, не престануваме да се молиме и да сакаме да се исполните со познавање на Неговата волја во секоја мудрост и духовно разбирање,
10та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во сѐ, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познавањето на Бога,
11укрепувајќи се со секаква сила преку Неговата славна моќ за секаква трпеливост и големодушност со радост,
12благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината;
13нѐ избави од власта на темнината и нѐ доведе во царството на Својот возљубен Син,
14во Кого имаме откуп преку крвта Негова и опростување на гревовите,
15и Кој е образ на невидливиот Бог, првороден пред секоја твар;
16бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е преку Него и за Него создадено.
17Он е пред сѐ, и сѐ преку Него се држи.
18И Он е глава на телото, односно на Црквата; Он е почеток, првороден меѓу мртвите, за да има првенство во сѐ.
19Бидејќи во Него благоволи Отецот да има секаква полнота,
20и преку Него да измири сѐ со Себе, било земно, било небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.
21И вас, кои некогаш бевте отстранети од Бога, и Негови непријатели поради помислите кон лоши дела,
22сега ве примири во телото на Неговата плот, преку Неговата смрт, за да ве претстави пред Себе свети, непорочни и без вина,
23само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи во надежта на Евангелието, што го чувте, кое е проповедано на секое поднебесно создание, и Кому што јас, Павле, му станав слуга.
24Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам недостигот од Христовите маки во мојата плот за телото Негово, кое е Црквата.
25Нејзе ѝ станав служител по Божја наредба што ми е наложена мене за вас, за да го исполнам словото Божјо,
26тајната, сокриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии,
27на кои Бог пожела да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас,
28Него ние Го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги на секоја мудрост, та сите нив да ги претставиме совршени во Христа Исуса;
29затоа и се трудам и молам според Неговата сила, која моќно дејствува во мене.
Currently Selected:
Колосјаните 1: MK1990
Highlight
Share
Copy

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016