YouVersion Logo
Search Icon

Захарија 12

12
Силна заштита Божја на Ерусалим
1 # 1 Мојс 2,7; Ис 42,5; 44,24; 45,12; Јов 26,4 Пророчко слово од Господ за Израел. Господ, Кој го распна небото и ја основа земјата и му создаде на човекот дух во неговите гради, вели: 2#Ис 51,17; Пс 60,3ете, Јас ќе го направам Ерусалим како чаша за опивање на сите народи околни, а исто така и за Јуда во времето на ерусалимската опсада. 3#Мих 4,11Во оној ден ќе го направам Еру­салим како тежок камен за сите племиња; сите што ќе го подигаат, ќе се иски­лават, а ќе се соберат против него сите народи земни. 4#2 Цар 9,20Во оној ден, вели Господ, Јас ќе го удрам секој коњ со лудост, а коњаникот негов – со безумие, додека врз домот Јудин ќе ги отворам очите Свои; секој коњ пак, кај народите ќе го удрам со слепило. 5#10,6.12Тогаш кнезовите Јудини ќе речат во срцата свои: силата на жителите на Ерусалим е во Господ Саваот, нивниот Бог. 6#14,10; Ис 10,17; Авд 1,18Во оној ден Јас ќе ги направам кнезовите Јудини како запален јаглен меѓу дрва и како факел меѓу снопови; тие ќе ги истребат сите околни народи, и од десната и од левата страна, и Ерусалим ќе биде одново населен на своето место – во Ерусалим. 7И Господ ќе ги спаси најнапред шаторите на Јуда, така што гордоста на домот Давидов и гордоста на ерусалимските жители да не се издига над Јуда. 8#2 Сам 14,17Во оној ден Господ ќе ги засолни жителите на Ерусалим, и најслабиот меѓу нив во оној ден ќе биде како Да­вид, а домот Давидов ќе стане како Бог, како ангел Господов пред нив. 9#14,3.12Во оној ден ќе ги истребам сите на­роди, што го напаѓаат Ерусалим.
Тага за Прободениот
10 # Ер 6,26; Ез 39,29; Јоил 3,1-2; Амос 8,10; Јн 19,37; Кол 1,15.18; Откр 1,7 А врз домот Давидов и врз жители­те ерусалимски ќе излијам дух на благодат и молитва, така што, кога ќе погледнат на Оној, Кого тие го прободоа, ќе плачат за Него, како што се плаче за еднороден син, и ќе ридаат како што се рида за првороден. 11Во оној ден ќе се крене голем плач во Ерусалим, како плач на Ха­дад-Римон во долината Мегидо. 12#Мт 24,30И ќе плаче земјата, секое семејство посебно; семејството на домот Давидов, и жените нивни одделно; семејството на домот Натанов, и жените нивни одделно; 13домот на Левиј одделно, и жените нивни одделно; племето Симеоново одделно, и жените нивни одделно; 14и сите други племиња, секое племе одделно, и жените нивни одделно.

Currently Selected:

Захарија 12: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

Video for Захарија 12