YouVersion Logo
Search Icon

Тит Вовед

Вовед
Тит бил христијанин од нејудејско потекло (Гал 2,1-3). Тој бил еден од придружниците на Павле и одиграл важна улога при измирувањето на Коринтјаните со апостолот (2 Кор 7,6-16). Во моментот кога ова послание му било упатено, Павле се наоѓал на Крит; апостолот го назначил за надгледник (епископ) на активностите и организацијата на Црквата на тој остров (1,5).
Уводот на посланието содржи краток преглед на пораката на апостолот (1,1-4). Продолжението на првата глава е посветено на одликите на одговорните луѓе на Црквата (1,5-16). Во втората глава, Тит добива совети кои се однесуваат на разни групи со кои тој се занимава во Црквата: старци, остарени жени (кои требале да ги поучуваат помладите жени), млади луѓе или робови (2,1-15).
Во третата глава ги прикажува должностите на христијаните, неопходноста да се живее во мир и да се одбегнуваат поделби (3,1-11), а потоа завршува со лични препораки и поздрави (3,12-15). Читателот лесно ќе открие дека пораката на ова послание не се однесува исклучиво на личноста и работата на Тит. Би можел да се донесе истиот заклучок и за двете посланија до Тимотеј. Всушност проблемите што тука се разгледуваат се оние кои постојано се поставуваат во Црквата, како оној за организирањето на заедниците, или пак за поведението на одговорните луѓе и на верниците кои ги сочинуваат заедниците.

Currently Selected:

Тит Вовед: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in