YouVersion Logo
Search Icon

Тит 2

2
Вистинското учење
1 # 1,9; 1 Тим 1,10; 2 Тим 4,3 А ти, пак, зборувај го она што се согла­сува со здравото учење. 2#1 Кор 13,13; 1 Тим 5,1-2; 6,11Старците да бидат трезвени, цело­муд­рени, чисти, здрави во верата, во љубовта, во трпението; 3#1 Тим 3,11старичките, исто така, да живеат како што им прилега на светии – да не клеветат, да не се предаваат на многу вино, да учат за добро, 4за да ги вразумуваат невестите да ги сакаат мажите свои и децата свои; 5#Ефес 5,22; Кол 3,18; 1 Тим 2,12да бидат целомудрени, чисти, добри домаќинки, благи, покорни на своите мажи, та да не се хули словото Божјо. 6Исто така, советувај ги младежите да бидат чесни, 7#2 Сол 3,7; 1 Тим 4,12; 1 Птр 5,3а во сѐ претстави се сам како об­ра­зец за добри дела, покажувајќи чистота во учењето, нерасипаност, чесност: 8#1 Тим 1,10; 5,14; 1 Птр 2,15слово здраво, без укор, та да се посрами противникот, бидејќи не ќе има да рече ништо лошо за нас. 9#Ефес 6,5-8; 1 Тим 6,1; 1 Птр 2,18Советувај ги слугите да ги слушаат своите господари, да им угодуваат во сѐ, не противречејќи им; 10#Фил 1,18-19; 1 Тим 1,1да не крадат, туку во сѐ да по­ка­жу­ваат добра вера, та науката на нашиот Спасител, Бог, да ја украсуваат во сѐ. 11#3,4Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе. 12#1 Јн 2,16Таа нѐ учи да ги отфрлиме не­чес­носта и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век, 13#1 Кор 1,7; Фил 3,20; 2 Тим 4,8да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос, 14#2 Мојс 19,5; 5 Мојс 4,20; 7,6; 14,2; Пс 130,8; Рим 3,24; Гал 1,4; 1 Тим 2,6; 1 Птр 2,9Кој се даде самиот Себе за нас, за да нѐ избави од секакво беззаконие и да нѐ очисти, та да Му бидеме народ избран, ревносен кон добри дела. 15#1 Тим 4,12; 1 Птр 3,13Ова зборувај го, советувај и изо­бли­чувај со полна власт; никој да не те пре­зира.

Currently Selected:

Тит 2: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in