Рута 4
4
Вооз се зазема за наследството на Елимелех
1Вооз излезе пред градските порти и таму седна. И ете, минува оној роднина, за кого говореше тој. И му рече: „Дојди и седни тука!“ Тој дојде и седна. 2#5 Мојс 19,12; 21,2-4.19; 22,15; 25,7-9; 1 Цар 21,8Вооз повика десет мажи од градските старешини и рече: „Седнете тука!“ И тие седнаа. 3И Вооз му рече на роднината: „Ноемина, која се врати од моавските полиња, го продава делот од нивата, што му припаѓа на братот наш Елимелех; 4#1 Сам 9,15; 20,2.12-13; Ис 22,14; 50,5јас решив да ти јавам и да ти кажам: ‚Купи го пред седнативе тука – старешините на мојот народ. Ако сакаш да го откупиш, откупи го; ако, пак, решиш да не го откупиш, кажи ми, за да знам, зашто, освен тебе, нема кој да го откупи, а по тебе сум јас.‘“ Тој одговори: „Јас ќе го откупам.“ 5#4,10; 5 Мојс 25,5-10; 2 Сам 18,18; Мт 22,24Вооз рече: „Штом ја откупуваш нивата од Ноемина, треба да ја земеш за сопруга и Моавката Рута, жена на умрениот, за да остане нивата во наследството на нејзиниот починат маж.“ 6А оној роднина одговори: „Јас не можам да ја откупам, зашто ќе го растурам моето наследство; преземи го ти моето право на откупување, бидејќи јас не можам да ја земам.“ 7Порано во Израел, кога се откупуваше и разменуваше нешто, заради потврдување на размената постоеше ваков обичај: едниот ја собуваше обувката своја и му ја даваше на другиот, и тоа служеше како сведоштво во Израел. 8И оној роднина му рече на Вооз: „Откупи го ти!“ И ја собу обувката своја, и му ја даде. 9И Вооз им кажа на старешините и на целиот народ: „Вие сте сега сведоци дека јас го купувам од Ноемина сето Елимелехово и сето Килионово и Малоново наследство; 10исто така ја земам за жена и Моавката Рута, Малоновата жена за да го востановам името на умрениот во неговото наследство за да не исчезне името на умрениот меѓу браќата негови и од неговиот роден град; вие сте ми денес сведоци за тоа.“ 11#1 Мојс 35,23-26; 2 Сам 7,27; 1 Цар 11,38И сиот народ што беше при градските порти, и старешините рекоа: „Ние сме сведоци. Нека даде Господ, жената, која влегува во куќата твоја, да биде како Рахила и Лија, кои и обете го изградија домот Израелов; збогатувај се во родот Ефратов, и нека се слави името твое во Витлеем. 12#1 Мојс 38,1-30И со потомството, кое Господ ќе ти го даде од оваа млада жена, нека стане твојот дом како домот на Фарес, кого Тамара му го роди на Јуда.“
Вооз се жени со Рута; раѓањето на Овид
13 #
1 Мојс 29,31; 30,22; 1 Сам 1,20 И Вооз ја зеде Рута, и таа му стана жена. И тој влезе кај неа, и Господ ѝ даде, та зачна и роди син. 14И ѝ велеа жените на Ноемина: „Нека е благословен Господ, зашто не те остави денес без наследник! И нека биде славно името негово во Израел. 15#1 Сам 1,8; Пс 19,7; Плач 1,11.16.19Тој ќе ти биде обнова на животот и прехрана во старите денови твои, зашто е рожба на снаата твоја, која те сака и која ти вреди повеќе од седум синови.“ 16#4 Мојс 11,12; 2 Сам 12,3.8; 2 Цар 10,1; Ис 49,23; Ест 2,7И Ноемина го зеде детето и го носеше во прегратките свои и се грижеше за него. 17Сосетките му дадоа име, велејќи: „На Ноемина ѝ се роди син“, и го нарекоа Овид. Тој е татко на Јесеј, таткото Давидов.
Список на Давидовите предци
18 #
1 Мојс 5,1-32; 11,10-26; 1 Лет; 2,5-15; Мт 1,3-6; Лк 3,32-33 А ова се потомците на Фарес: Фарес го роди Есром; 19Есром го роди Арам; Арам го роди Аминадав; 20Аминадав го роди Наасон; Наасон го роди Салмон; 21Салмон го роди Вооз; Вооз го роди Овид; 22Овид го роди Јесеј; Јесеј го роди Давид.
Currently Selected:
Рута 4: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006