YouVersion Logo
Search Icon

Римјаните 5

5
Во мир со Бога
1 # 3,24.28; Ис 53,5 И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос. 2#Ефес 2,14-18Преку Него со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која сто­име, и се гордееме со надежта во славата Божја. 3#Јк 1,2-4; 1 Птр 1,5-7; 4,13-14; Откр 1,9Но не само тоа, туку се гордееме и со маките, знаејќи дека од маката се ра­ѓа трпението; 4од трпението, пак – искуство, а од искуството – надеж. 5#Пс 22,4; 25,3.20; 1 Јн 4,13Надежта пак, не посрамотува. Заш­то љубовта Божја е излеана во нашите срца преку нам дадениот Свети Дух. 6#8,32; Јн 3,16-17; Ефес 5,2; 1 Тим 2,6; Тит 2,14; 3,4-7; 1 Птр 3,18; 1 Јн 3,16; 4,10Зашто, уште кога бевме слаби, Христос во одреденото време умре за безбожниците. 7Навистина, тешко би можел некој да умре за праведник, а за добар, можеби, некој и би се решил да умре. 8Но Бог ја докажа љубовта Своја кон нас, со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни. 9#1,18; 1 Сол 1,10Затоа сега, откако веќе сме оправдани со крвта Негова, многу повеќе ќе се спасиме преку Него од гревот. 10#2 Кор 5,18-19; Ефес 2,16; Кол 1,20-22Зашто, ако се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син, уште додека бевме непријатели, тогаш уште повеќе ќе се спасиме преку Неговиот живот, откако сме се помириле. 11А освен тоа, и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого добивме сега помирување.
Адам и Христос
12 # 6,23; 1 Мојс 2,17; 3,6.19; 1 Кор 15,21-22.45; Јк 1,15 Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, зашто сите згрешија. 13#4,15Навистина и порано уште пред За­конот имаше грев во светот, но гревот како таков не може да се прифати, кога нема закон. 14#1 Кор 15,21-22.45А сепак смртта царуваше уште од Адам, па сѐ до Мојсеј и над оние што не погрешија според престапот на Адам. Тој е пралик на Оној што требаше да дојде. 15#Мт 20,28; Дела 15,11Но со дарот не е исто како и со престапот. Зашто ако поради престапот на еден изумреа мнозина, тогаш Бож­ја­та благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос, во многу поголемо изобилство ќе се излее врз мнозина. 16#8,1А тој дар е сосема поинаков од гре­вот на еден што погрешил, зашто су­де­њето за еден престап води кон осудува­ње, а дарот – од многу престапи кон оправдување. 17#2 Тим 2,12; Откр 20,4-6Бидејќи, доколку со престапувањето на еден завладеала смртта преку ед­ниот, дотолку повеќе оние, што го при­мија изобилието на благодатта и дарот на праведноста, ќе царуваат во животот преку еден – Исус Христос. 18#1 Кор 15,22И така, како што преку еден прес­тап дојде осудувањето на сите луѓе, та­ка и преку праведното дело на еден дој­де врз сите луѓе оправданието, кое дава живот. 19#Ис 53,11; Фил 2,8; Евр 5,8Зашто, како што преку непос­луш­носта на еден човек мнозина станаа грешни, така исто и преку послушноста на еден, мнозина ќе станат праведни. 20#7,7-8; Гал 3,19; 1 Тим 1,14А притоа дојде и Законот за да се наголеми престапот. Каде што, пак, се намножи гревот, таму благодатта се јавува во голема изобилност, 21#6,22-23та, како што гревот завладеал со смртта, така и благодатта да завладее преку праведноста за живот вечен, преку Исус Христос, нашиот Господ.

Currently Selected:

Римјаните 5: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy