YouVersion Logo
Search Icon

Римјаните 16

16
Лични поздрави
1 # Дела 18,18 Ви ја препорачувам нашата се­стра Фива, која е служителка на црквата во Кенхреја: 2примете ја во Господ, како што им прилега на светии, и помогнете ѝ во она во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа им беше помошничка на мнозина, а и мене. 3#Дела 18,2-3.18.26; 1 Кор 16,19; 2 Тим 4,19Поздравете ги Прискила и Акила, моите соработници во Христос Исус, 4кои за мојата душа ја положија својата глава; ним им благодарам не само јас, туку и сите цркви од скорообрате­ни­те незнабошци и нивната домашна црква. 5#1 Кор 16,15.19; Кол 4,15; Фил 1,2Поздравете го мојот возљубен Епе­нет, кој е првиот плод во Христос за Азија. 6Поздравете ја Маријам, која многу се грижеше за вас. 7#2 Кор 8,23Поздравете ги Андроник и Јуниј, моите сонародници и созатвореници, кои се прочуени меѓу апостолите и кои уште пред мене станаа Христови. 8Поздравете ми го возљубениот во Господ Амплијат! 9Поздравете го нашиот соработник во Христос Урбан и мојот возљубен Стахиј! 10Поздравете го докажаниот верник во Христос Апелија! Поздравете ги до­машните од Аристовуловото семејство! 11Поздравете го мојот сонародник Иродион! Поздравете ги домашните на Наркис, тие, кои се во Господ. 12Поздравете ги Трифен и Трифос, трудбеничките за Господ. Поздравете ја почитуваната Персида, која многу се трудеше за Господ. 13#Мк 15,21Поздравете го избраниот во Господ Руф, како и неговата и моја мајка! 14Поздравете ги Асинкрит, Флегонт, Ермин, Патрова, Ерма и браќата со нив! 15Поздравете ги Филолог и Јулија, Ниреја и неговата сестра, и Олимпа и сите со нив светии! 16#1 Кор 16,20; 2 Кор 13,12; 1 Сол 5,26; 1 Птр 5,14Поздравете се еден со друг со свет целив! Ве поздравуваат сите цркви Христови! 17#Мт 7,15-20; Тит 3,10; 2 Јн 1,7-10Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои предизвикуваат раскол и соблазни против учењето кое сте го научиле и бегајте од нив! 18#Фил 3,19; Кол 2,4; Тит 1,10-14; 2 Птр 2,3Зашто таквите не Му служат на нашиот Господ Исус Христос, туку на стомакот свој, и со слатки и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните. 19#1,5.8; Мт 10,16; 1 Кор 14,20Вашата послушност во верата на сите им е позната: затоа јас се радувам за вас, но сакам да бидете мудри во доброто и прости во злото. 20#15,33; 1 Мојс 3,15А Бог на мирот наскоро ќе го сотре сатаната под нозете ваши. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин! 21#Дела 16,1-3; 17,5Ве поздравуваат мојот соработник Тимотеј и моите сродници Луциј, Јасон и Сосипатар. 22#Гал 6,11; 2 Сол 3,17Ве поздравувам во Господ и јас Терциј, кој го напиша ова послание. 23#Дела 19,22.29; 1 Кор 1,14; 2 Тим 4,20Ве поздравува Гај, домаќинот мој и на целата црква. Ве поздравува Ераст, градскиот благајник и братот Кварт. 24(Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!)#16,24 Овој стих го нема во некои ракописи..

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in