YouVersion Logo
Search Icon

Римјаните 11

11
Бог не го отфрла Израел
1 # 1 Сам 12,22; Пс 94,14 # 2 Кор 11,21; Фил 3,5-7 И затоа, ви велам: Зар Бог го отфрли Својот народ? Никако! Зашто и јас сум Израелец, од семето Авраамово, од коленото Венијаминово. 2#1 Сам 12,22; Пс 94,14Бог не го отфрли Својот народ, кој однапред го одбра. Или, пак, не знаете што кажува Писмото за Илија, како тој Му се пожали на Бог Израелов, велеј­ќи: 3#1 Цар 19,10.14„Господи, ги убија пророците Твои и ги раскопаа жртвениците Твои; јас ос­танав сам, и сакаат да ми ја земат душа­та.“ 4#1 Цар 19,18А како му вели Божјиот одговор: „Си оставив седум илјади мажи, кои не ги свиткаа колената пред Ваал.“ 5#9,27; Ис 4,2Така и во сегашно време има еден остаток избран по благодат. 6#Гал 3,18Но, ако е по благодат, не е веќе по дела, зашто тогаш благодатта не би би­ла благодат.#11,6 Во некои ракописи на ова место е додадено: „Ако, пак, е по дела, тоа ве­ќе не е благодат; зашто инаку делото не би било веќе дело.“ 7И што тогаш? Израел не го доби она што го бараше; избраните, пак, го добија, а другите се закоравија, 8#5 Мојс 29,3; Ис 29,10; Мт 13,13-14како што е напишано: „Бог им даде дух што не чувствува: очи да не гледаат и уши да не слушаат, сѐ до денешниов ден.“ 9#Пс 35,8; Пс 69,23-24И Давид вели: „Трпезата нивна да им биде стапица, клопка, соблазна и от­плата; 10да им се замрачат очите нивни за да не гледаат, и грбот нивни да им се свитка засекогаш.“ 11#10,19; Мт 21,43; Дела 13,5Ви велам пак: зар се сопнаа за да паднат? Не! Но со нивниот престап дој­де спасението за незнабошците, за да се возбуди во нив ревност. 12#Мт 8,11-12; 21,43Ако, пак, нивниот престап значи богатство за светот, и нивниот намален број – богатство за незнабошците, колку повеќе ќе значи нивната потполност. 13#Дела 9,15Вам, незнабошци, ви велам; до кол­ку сум јас апостол на незнабошците, ја прославувам својата служба, 14#10,19; 1 Кор 9,22та некако да возбудам ревност во својот род по тело, и некого од нив да спасам. 15#Лк 15,24.32; 2 Кор 5,17-21Зашто, ако нивното отфрлање зна­чи измирување за светот, тогаш што ли друго ќе значи нивното примање, ако не оживување од мртвите? 16#4 Мојс 15,19-21; 5 Мојс 15,19; Ез 44,30; Неем 10,37Ако првиот дел од тестото е свет, тогаш свето е и целото тесто: и ако е коренот свет, свети се и гранките. 17#Ефес 2,11-12Ако, пак, некои од гранките се ск­р­шени, а ти, кој си дива маслинка, си бил прикалемен на нивното место и си ста­нал заедно со нив соучесник во сочниот корен на маслинката, 18#3,27; 1 Кор 1,31не биди горделив пред гранките! А ако сепак, се возгордееш, треба да зна­еш дека ти не го држиш коренот, туку коренот тебе! 19Но ти тогаш ќе кажеш: гранките беа откршени за да бидам јас прикалемен. 20#2 Кор 1,24Добро. Тие поради неверие беа от­кршени, а ти поради вера се држиш: не­мој да бидеш горделив, туку имај страв. 21#Лк 23,31Зашто, ако Бог не ги поштедил при­родните гранки, нема ни тебе да те поштеди. 22#Јн 15,2.4; Евр 3,14Гледај ја, пак, Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако издржиш во бла­госта; во спротивно, и ти ќе бидеш от­сечен. 23Но, тие, ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, зашто Бог има моќ пак да ги прикалеми. 24Зашто, ако си ти откинат од мас­линка која е по природа дива, и против природата си прикалемен на питома маслинка, тогаш колку полесно ќе би­дат прикалемени на својата маслинка оние кои по природа потекнуваат од неа.
Израел не е засекогаш отфрлен
25 # 12,16; Изреки 3,7; Лк 21,24 Сакам, браќа, за да не си помислите во себе дека сте мудри, да ја знаете оваа тајна: дека закоравувањето само со еден дел падна врз Израел, додека да настапи потполноста на незнабошците. 26#Ис 59,20-21#Мт 23,39И така целиот Израел ќе биде спа­сен, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Ослободителот и ќе ја одврати безбожноста од Јаков. 27#Ис 27,9; Ер 31,33-34И тоа им е ним завет од Мене кога ќе ги одземам нивните гревови.“ 28#5 Мојс 4,37Со оглед на Евангелието, тие се не­пријатели Божји поради вас; но со оглед на изборот, тие се возљубени од Бога за­ради татковците, 29#4 Мојс 23,19; 1 Сам 15,29зашто даровите и повикот Божји се неотповикливи. 30#3,26Како што и вие некогаш бевте не­послушни кон Бога, а сега се здобивте со милост, поради нивната непослуш­ност, 31#11,11така и тие сега станаа непослушни, поради вашето помилување, та и самите да се здобијат со милост. 32#Ез 18,23; Гал 3,22Зашто Бог ги затвори сите со не­послушност, па кон сите да покаже ми­лост.
33 # Пс 139,6.17-18; Кол 2,3 О, длабочино на богатство, мудрост и знаење Божјо! Колку се несфатливи Неговите судови и неистражливи Него­ви­те патишта! 34#Ис 40,13; Ер 23,18; 1 Кор 2,16Зашто, кој ја познал мислата на Господ? Или, кој Му бил советник? 35#Јов 41,3Или, кој однапред Му дал нешто за да му биде отплатено? 36#16,24; 1 Кор 8,6; Кол 1,16-17; Евр 2,10Зашто, сѐ е од Него, според Него и за Него. Нему слава во вечни векови. Амин!

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in