YouVersion Logo
Search Icon

Римјаните 10

10
1Браќа, желбата на моето срце и на мојата молитва кон Бога за Израел е за негово спасение. 2#Дела 22,3; 1 Тим 1,13Јас им сведочам дека тие имаат рев­ност за Бога, но не според сознанието. 3#9,31-32; Лк 16,15; 18,9-14; Фил 3,9Зашто, не знаејќи за Божјата пра­ведност и тежнеејќи да воспостават сво­ја сопствена праведност, тие не ѝ се подредија на Божјата праведност, 4#Мт 5,17; Јн 3,18; Дела 13,39; Гал 3,24; Евр 8,13бидејќи крајната цел на Законот е Христос, за да биде оправдан секој што во Него верува.
Спасението доаѓа до секој човек што верува во Господ
5 # 3 Мојс 18,5; Гал 3,12 Мојсеј пишува за праведноста на Законот: „Кој ќе го исполни, тој ќе биде преку него жив.“ 6#5 Мојс 30,12-14#9,30; 5 Мојс 9,4А праведноста од верата вели: „Да не речеш во срцето свое: Кој ќе се ис­ка­чи на небото?“, што значи да се симне Христос, 7или: „Кој ќе слезе во бездната?“, што значи да се изведе Христос од мртвите! 8А што вели таа? – „Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето ср­це“, односно словото на верата, што го проповедаме, 9#Дела 16,31; 1 Кор 12,3; Фил 2,11зашто, ако со устата исповедаш дека Исус е Господ и во срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш; 10бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение. 11#9,33; Ис 28,16А и Писмото вели: „Секој кој верува во Него, нема да се посрами.“ 12#1,16; Дела 10,34.36; Гал 3,28Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто еден и ист е Господ на сите, богат за сите кои Го повикуваат. 13#Јоил 3,5; Дела 2,21Бидејќи секој кој ќе го повика име­то Господово, ќе биде спасен. 14#Евр 11,6Но како да Го повикаат Оној во Ко­го не поверувале? Како, пак, да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А ка­ко да слушнат, ако нема кој да про­по­веда? 15#Ис 52,7; Наум 2,1И како да проповедаат, ако не бидат испратени, како што е напишано: „Кол­ку им се прекрасни нозете на оние, што благовестат мир, што го благовестат доброто.“ 16#1,5; Ис 53,1; Јн 10,26; 12,38; 2 Сол 1,8; Евр 4,2Но Евангелието сите не го пос­лу­шаа. Зашто Исаија вели: „Господи, кој поверува во она што го проповедавме?“ 17#Јн 17,8.20Затоа, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од Божјото слово. 18#Пс 19,5Но велам: зар тие не слушнаа? На­против. „Гласот им се разнесе по целата земја, и зборовите нивни – до краиш­тата на вселената.“ 19#11,11-14; 5 Мојс 32,21Пак велам: зар Израел не разбра? Најнапред Мојсеј кажа: „Јас ќе ве раздразнам до љубомора со оние кои не се народ; со неразумен народ ќе ве раз­гне­вам.“ 20#9,30; Ис 65,1А Исаија се осмели да каже: „Ме најдоа оние кои не Ме бараа, им се от­крив на оние, кои не прашаа за Мене.“ 21#Ис 65,2За Израел, пак, вели: „Постојано ги подавав рацете Свои кон народ непослу­шен и бунтовен.“

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in