YouVersion Logo
Search Icon

Откровение 3

3
Порака до црквата во Сард
1 # 1,4.16; 4,5; 5,6 И на ангелот на Сардската црква напиши му: еве што вели Оној Кој ги има седумте ѕвезди: ги знам делата твои; носиш име дека си жив, а мртов си. 2Биди буден и утврдувај ги оние што се на умирање; бидејќи делата твои не ги најдов совршени пред Мојот Бог. 3#16,15; Лк 12,39-40; 1 Сол 5,2; 2 Птр 3,10Спомни си за она што си го примил и чул, и послушај го, и покај се. Ако не бидеш буден, ќе дојдам против тебе ка­ко крадец, и нема да дознаеш кога ќе дојдам против тебе. 4#Дан 7,9; Мт 17,2; 28,3; Јуда 1,23Но во Сард имаш неколку имиња што не ги осквернија алиштата свои. Тие ќе одат со Мене во бела облека, би­дејќи се достојни. 5#20,12.15; 21,27; 2 Мојс 32,32-33; Пс 69,28; Дан 12,1; Мт 10,32; Лк 10,20; 12,8; Фил 4,3Кој победува ќе биде облечен во бе­ла облека, и нема да му го избришам името негово од книгата на животот, туку ќе го признаам името негово пред Мојот Отец и пред Неговите ангели. 6Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.
Порака до црквата во Филаделфија
7 # Ис 22,22; 1 Јн 5,20 И на ангелот на Филаделфиската црква напиши му: вака вели Светиот, Вистинитиот, Оној, Кој го има клучот Давидов, Кој отвора, и никој не може да затвори, – и Кој затвора, никој не може да отвори: 8#2,2; Јн 8,51-55; 14,23; 1 Кор 16,9; 1 Јн 2,5ги знам делата твои. Ете, ти дадов отворена врата, што никој не може да ја затвори; ти имаш мала сила и сепак го запази словото Мое, и не одречувај се од името Мое. 9#2,9; Ис 43,4; 45,14; 49,23; 60,14Ете, ќе направам некои од сатанската синагога – оние што велат дека се Ју­дејци, а не се, туку лажат, – да дојдат и да се поклонат пред нозете твои и да познаат дека Јас те засакав. 10#Лк 21,19; 2 Тим 2,12; Евр 10,36; 2 Птр 2,9Бидејќи ти го запази словото на трпението Мое, и Јас ќе те запазам од часот на искушението кое ќе дојде над целиот свет, за да ги искуша оние што живеат на земјата. 11#22,7.12.20Ете, доаѓам скоро: држи што имаш, за никој да не го земе венецот твој. 12#21,2; 22,4; Ис 62,2; Ез 48,35; Гал 2,9; 1 Тим 3,15Оној кој победува, ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог, и нема веќе да излезе надвор; и ќе го напишам на него името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог, на новиот Еру­са­лим, кој слегува од небото од Мојот Бог, и Моето ново име. 13Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.
Порака до црквата во Лаодикија
14 # 1,5; Изреки 8,22; Јн 1,3; Кол 1,15; Евр 1,2 И на ангелот на Лаодикиската црк­ва напиши му: ова го вели Амин, Вер­ниот и Вистинитиот Сведок. Почетокот на Божјото создание: 15ги знам делата твои: ти не си ни студен, ни жежок; о, да беше студен или жежок! 16Така, бидејќи си млак, а не жежок, или студен, ќе те изблујам од устата Своја! 17#Ос 12,9Зашто велиш: „Богат сум и се збо­га­тив, и ништо не ми треба“, а не знаеш дека си беден и проколнат, сиромав, слеп и гол; 18#3,5; 16,15; Ис 55,1те советувам да си купиш од Мене злато низ оган пречистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се об­ле­чеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш. 19#Изреки 3,12; 1 Кор 11,32; Евр 12,6Оние што Јас ги сакам, нив ги ка­рам и воспитувам. И така, биди искрен и покај се. 20#Лк 22,29-30; Јн 14,23Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене. 21#4,2; 20,4; Мт 19,28; Лк 22,30На оној што победува, ќе му доз­во­лам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Отецот Свој на Неговиот престол. 22Кој има уво, нека чуе, што им збо­рува Духот на црквите.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in