YouVersion Logo
Search Icon

Откровение 17

17
Вавилон – големата блудница
1 # Ер 51,7.13; Наум 3,4 Потоа дојде еден од седумте ангели, што ги имаа седумте ча­ши, и зборуваше со мене, велејќи ми: „Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница која седи над многу води; 2#14,8; Ис 23,17со неа блудствуваа земните цареви, и со виното на нејзиното блудство се опи­ја жителите на земјата!“ 3#13,1И ме одведе со духот во пустина: и видов жена како седи на црвен ѕвер, кој беше полн со богохулни имиња и има­ше седум глави и десет рогови. 4#18,16; Ер 51,7; Ез 28,13А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, со дра­го­цени камења и бисери. Во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино. 5#2 Сол 2,7А на челото ѝ беше напишано име­то: „Тајна, великиот Вавилон, мајка на блудниците и на земните гнасотии.“ 6#16,6И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и со крвта на сведо­ците Исусови; и се зачудив многу кога ја видов. 7И ми рече ангелот: „Што се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на оваа жена, и на ѕверот, што ја носи и има седум глави и десет рогови. 8#3,5; 11,7; Дан 7,3Ѕверот, што го виде ти, беше и го не­ма; тој ќе излезе од бездната и ќе за­ги­не; и земните жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот од созданието на светот, ќе се почудат, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иа­ко постои. 9#13,18Овде е потребен ум што има муд­рост. Седумте глави, тоа се седумте го­ри врз кои седи жената; 10а седумте цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, малку ќе остане. 11И ѕверот што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе загине. 12#Дан 7,24А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои царства уште не при­мија, туку како цареви ќе добијат власт само за извесно време заедно со ѕверот. 13Тие имаат една мисла, и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот. 14#14,4; 5 Мојс 10,17; Дан 2,47Тие ќе војуваат против Јагнето, и Јагнето ќе ги победи, зашто Тој е Гос­подар над господарите и Цар над царевите, и оние, што ќе се со Него, се повикани и избрани и верни.“ 15И ми рече: „Водите што ги виде ти, каде што седи блудницата, тоа се лу­ѓе­то и народите, племињата и јазиците. 16#18,8; 3 Мојс 21,9; Ис 47,8-9А десетте рогови, што ги виде на ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата, ќе ја запустат и оголат, и телото нејзино ќе го изедат, а неа самата на оган ќе ја изгорат. 17Зашто Бог им даде во срцата нивни да ја исполнат волјата Негова, да се до­говорат и да го дадат царството свое на ѕверот, додека не се исполни словото Божјо. 18А жената, која ја виде ти, е го­ле­ми­от град кој царува над земните цареви.“

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in