YouVersion Logo
Search Icon

Откровение 15

15
Седумте ангели и седумте последни казни
1 # 15,6; 16,1; 17,1; 21,9 И видов друг знак на небото, голем и чуден: седум ангели што ги држеа седумте последни казни, заш­то со нив ќе се заврши Божјиот гнев. 2#4,6; 13,15-18И видов нешто како стаклено море, измешано со оган; и оние што го победија ѕверот и неговата биста, неговиот белег и бројот на неговото име, стоеја на тоа стаклено море и имаа харфи Божји. 3#1,8; 2 Мојс 34,10; 5 Мојс 32,4; Ер 10,7; Амос 3,13; Пс 92,4-5; 111,2; 139,14; 145,17И ја пееја песната на Мојсеј, Бож­ји­от слуга, и песната на Јагнето, велејќи: „Големи и чудесни се делата Твои, Гос­поди Боже Седржителе! Праведни и вистинити се Твоите патишта, Царе на народите! 4#Ер 10,7; Мал 1,11; Пс 86,9-10Кој нема да се уплаши од Тебе, Гос­поди, и не ќе го прослави името Твое? Зашто само Ти си свет; зашто сите на­роди ќе дојдат и ќе се поклонат пред Те­бе; бидејќи се појавија Твоите праведни судови!“ 5#11,19; 2 Мојс 25,22; 38,21; 40,34Потоа видов: ете, на небото се отво­ри храмот на скинијата на собранието. 6И излегоа од храмот седумте ангели, што ги држеа седумте зла, облечени во чисти и светли облеки од ленено платно и опашани преку градите со златни појаси. 7И едно од четирите животни на се­думте ангели им даде седум златни ча­ши, полни со гневот на Бога, Кој живее во вечни векови. 8#2 Мојс 40,34-35; 1 Цар 8,10; Ис 6,4; Ез 44,4; 2 Лет 5,13-14И се исполни храмот со дим од сла­вата на Бога и од силата Негова, и никој не можеше да влезе во храмот додека не се извршија седумте казни на седум­те ангели.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in