Псалми Вовед
Вовед
Псалмите се најдолгата книга во Светото Писмо. Тие се песни кои се пееле со музичка придружба, или се рецитирале како молитви. Значителен број псалми се напишани од Давид, но има и од други писатели, како што се Асаф, Мојсеј, Соломон и потомците на Кора. Овие песни биле собирани подолго време и заземале важно место во богослужбите на израелскиот народ.
Името Псалми потекнува од насловот на оваа збирка песни во грчкиот превод на Стариот завет.
Сто и шеснаесет псалми содржат пред-текст кој дава податоци за потеклото, видот и музичката придружба на соодветниот псалм. Можат да се издвојат повеќе видови псалми, меѓу кои:
1. Химни, или славопои кои Го слават Господа. Такви псалми се: 8, 9, 33, 100, 103–105, 111, 113, 114, 117, 135, 136, 145–149.
2. Псалми во кои Господ е прикажан како Цар: 47, 93, 96–99.
3. Псалми за владетелите: 2, 18, 20, 21, 45, 72, 89, 101, 110, 144.
4. Сионски песни: 46, 48, 76, 87, 132.
5. Псалми за верата во Бога: 1, 37, 49, 73, 78, 112, 119, 127, 133.
6. Псалми испеани во неволји: 12, 44, 58, 60, 74, 79, 80, 83, 85, 90, 94, 106, 108, 123, 126, 137.
7. Молитви упатени кон Бога, поради несреќи: 5–7, 13, 17, 22, 25, 26, 28, 31, 35, 38, 39, 41–43, 51, 54, 57, 59, 61, 63, 64, 69–71, 86, 88, 102, 109, 120, 130, 140–143.
8. Благодарствени псалми: 9–10, 30, 32, 34, 40, 92, 107, 116, 118.
Инаку и Исус пеел некои псалми, заедно со Неговите ученици (види Мк. 14,26). Псалмите се цитирани повеќе од сто пати во новозаветните книги. Некои псалми содржат прототипови за Личноста на Исус Христос. На пример, псалмите 22 и 69 ги претскажуваат Христовите страдања, додека псалмите 16, 110 и 118 содржат елементи на Христовото воскресение и слава.
Збирката Псалми во суштина се состои од пет книги и тоа: 1. Пс. 1–41, 2. Пс. 42–72, 3. Пс. 73–89, 4. Пс. 90–106 и 5. Пс. 107–150.
Currently Selected:
Псалми Вовед: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006