YouVersion Logo
Search Icon

Псалми 86

86
ПСАЛМ 86
Молитва во голема неволја
1 # 40,17 Приклони го, Господи, увото Свое и услиши ја молитвата моја, зашто сум беден и сиромав. 2#25,20Зачувај ја душата моја, зашто сум посветен на Тебе; спаси го слугата Твој, Боже мој, кој се надева во Тебе. 3Помилуј ме, Господи, зашто кон Те­бе викам секој ден. 4#25,1; 143,8Развесели ја душата на Твојот слуга, зашто кон Тебе, Господи, ја издигам душата своја; 5зашто Ти, Господи, си добар, кроток и многумилостив кон сите, кои Те повикуваат. 6#5,1-2; 28,2; 130,2Чуј ја, Господи, мојата молитва и послушај го гласот на молбата моја. 7#17,6; 77,2Во денот на мојата мака повикав кон Тебе, и Ти ме чу. 8#35,10; 89,6; 2 Мојс 15,11; 5 Мојс 3,24; Ер 10,6Меѓу боговите нема таков каков што си Ти, Господи, и нема дела како Твоите. 9#22,27-29; 66,4; 87,4-6; 102,15.22; Откр 15,4Сите народи што си ги создал Ти, ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе, Гос­поди, и ќе го прославуваат името Твое, 10зашто Ти си велик и правиш чудеса, – Ти си Бог единствен! 11#26,3; 27,11; 143,8Упати ме, Господи, кон Твојот пат, и јас ќе одам во Твојата вистина; и дај ми непоколебливо срце, за да го почитувам името Твое. 12#9,1; 52,9Ќе Те славам, Господи, Боже мој, од сѐ срце и вечно ќе го прославувам името Твое, 13#88,6; 5 Мојс 32,22; Ез 32,23зашто Твојата милост кон мене е голема: Ти ја спаси душата моја од адските длабини. 14#54,4Боже, законопрестапниците ста­наа против мене, и многуте насилници ја бараат душата моја: тие Те немаат Тебе пред себе. 15#103,8; 145,8; 2 Мојс 34,6Но Ти, Боже, Кој си штедар и милостив, долготрпелив, многумилос­тив и верен, 16#25,16; 116,16погледни на мене и помилуј ме; дај му ја Твојата сила на слугата Свој и спаси го синот на слугинката Твоја; 17покажи со мене чудо за добро, па да видат оние, што ме мразат, и да се за­срамат, зашто Ти, Господи, ми помогна и ме утеши.

Currently Selected:

Псалми 86: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in