YouVersion Logo
Search Icon

Псалми 81

81
ПСАЛМ 81
Вистинско празнување
1 # 8,1 Радувајте се во Бога, нашата Сила, воскликнете кон Бога Јаковов; 2запејте песна, удрете во тимпан, на милозвучна лира со харфа; 3затрубете со труба во новомесечје, во определено време, во денот на ваши­от празник, 4#3 Мојс 23,24; 4 Мојс 29,12; 2 Цар 4,23; Ис 1,13; Ос 2,13; Амос 8,5зашто тоа е закон за Израел, на­редба од Бог Јаковов. 5Тој го установи тоа како сведош­тво за Јосиф, кога тој излезе од египетската земја, каде што чу јазик што не го знаеше: 6„Јас го симнав товарот од рамени­ците негови, и му ги ослободив рацете негови од кошницата. 7#2 Мојс 1,14; 6,5Во маката своја ти Ме повика, и Јас те избавив; при гром те чув, кај водите на Мерива те испитав. 8#95,8; 2 Мојс 17,1-7; 19,15-18; 4 Мојс 20,2-13Чуј, народе Мој, и Јас ќе ти посведочам, ако Ме послушаш, Израеле! 9#2 Мојс 15,26; Ис 55,2-3Да немаш друг бог и да не му се поклонуваш на друг земен бог! 10#2 Мојс 20,2-3Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од египетската земја; отвори ја устата своја, и Јас ќе ја наполнам. 11Но Мојот народ не го послуша гласот Мој, Израел не Ми се покори; 12#5 Мојс 9,7затоа Јас ги оставив на нивните закоравени срца; нека одат по мислите свои. 13#Ер 3,17; 7,23О, да беше Ме послушал Мојот народ и Израел да одеше по Моите патишта! 14#Ис 48,18Веднаш ќе ги покорев нивните непријатели и ќе ја свртев раката Своја против оние што го оскрбуваа. 15#3 Мојс 26,7-8Оние, што Го мразат Господа, би ползеле до Него, и нивниот крај би бил запечатен засекогаш. 16#5 Мојс 32,13А Мојот народ ќе го хранев со најдобра пченица и ќе ги наситував со мед пештерски.“

Currently Selected:

Псалми 81: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in