Псалми 4
4
ПСАЛМ 4
Давидовата вечерна молитва е полна со храброст против непријателите
1Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Кога бев притеснет, Ти ми даде простор. Смилувај ми се и слушни ја молитвата моја. 2#18,19; 102,2; 118,5Синови човечки, до кога ќе ја срамотите славата Моја? До кога ќе сакате суета и ќе барате лага? 3Знајте дека Господ го запазил Својот верен; Господ слуша кога викам кон Него. 4Не грешете, гневејќи се; размислете во срцата свои и на постелите свои, и замолкнете! 5#Ефес 4,26Принесете жртва на правда и надевајте се на Господ. 6#51,19; 62,8; 115,9-11; 5 Мојс 33,19; Мал 3,3Мнозина велат: ќе видиме ли нешто добро? Осветли нѐ со светлината на лицето Свое, Господи! 7#31,16; 44,3; 67,1; 80,3; 89,15; 4 Мојс 6,25; Изреки 16,15; Дан 9,17А мене Ти си ми го исполнил срцето со радост поголема отколку онаа кога ќе се роди во изобилие пченица и вино. 8Затоа мирно легнувам и спијам; зашто Ти, Господи, ми даваш спокојна починка.
Currently Selected:
Псалми 4: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006