YouVersion Logo
Search Icon

Псалми 33

33
ПСАЛМ 33
Похвална песна за сесилниот Бог
1 # 32,11; 92,1; 147,1 Радувајте се, праведници, во Господ: на праведниците им прилега да Го слават. 2#92,3; 144,9Славете Го Господа со лира, пејте Му на харфа со десет жици, 3#96,1; 98,1; 144,9; 27,6; 1 Сам 16,16.18; Ис 23,16пејте Му нова песна; пејте Му умешно и со восклик, 4#89,14; 5 Мојс 32,4зашто словото на Господ е право, и сите дела Негови се извршени во верност. 5#89,14; 119,64Тој сака праведност и суд праведен; со милоста Господова е исполнета Земјата. 6#1 Мојс 1; 2,1; Јн 1,1; Евр 11,3Преку словото на Господ беа создадени небесата, и преку Духот на устата Негова – сите сили нивни. 7#78,13; 1 Мојс 1,9-10; 2 Мојс 15,8; Јов 38,8-11; 38,21.36Тој ги собира како во мев мор­ските води; бездните ги става во сокровишта. 8#67,7; 102,15Нека има страхопочит кон Господ целата Земја; нека треперат пред Него сите жители на светот, 9#148,5; 1 Мојс 1,3.6; Ис 48,13зашто Тој рече и тие настанаа; Тој заповеда и се создадоа. 10#2,1-2; Ис 8,10Господ ги руши помислите на не­знабошците, ги спречува намерите на народите. 11#Ис 40,8; 46,9; Изреки 19,21А замислата Господова вечно останува; мислите на срцето Негово од род во род. 12#144,15; 2 Мојс 19,6; 5 Мојс 7,6Блажен е оној народ, на кој Господ му е Бог, и луѓето, кои Тој ги избрал за наследство Свое. 13#14,2; Ер 16,17; Јов 34,21Од небесата гледа Господ, ги гледа сите синови човечки; 14од престолот, на кој седи, ги на­б­људува сите, кои живеат по Земјата: 15#94,9-11; 139,1-16; 1 Мојс 2,7.8; Зах 12,1Тој, Кој на сите ним им ги создал срцата, пази на сите дела нивни. 16#20,7; 1 Сам 14,6; 17,47; Амос; 2,14-16Не го спасува царот голема војска; голема сила ни јунакот нема да го спаси. 17Несигурен е коњот за спасување, со големата сила своја не може да избави. 18#32,8; 34,15Но, ете, очите Господови се врз оние, кои имаат страхопочит кон Него и кои имаат верба во милоста Негова, 19дека Тој ќе ја спаси душата нивна од смрт и во време на глад ќе ги прехрани. 20#115,9-11Душата наша се надева во Господ: зашто Тој е наш помошник и наш заш­титник, 21зашто во Него ќе се весели срцето наше; зашто во светото име Негово веруваме. 22#90,17Милоста Твоја нека биде над нас, Господи, онака како што Ти се надеваме.

Currently Selected:

Псалми 33: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in