YouVersion Logo
Search Icon

Псалми 29

29
ПСАЛМ 29
Славопој за Господарот на бурата
1 # 96,7-9 Воздајте Му на Господ, синови Божји, воздајте Му на Господ слава и моќ, 2воздајте Му слава на Господ на името Негово, поклонете Му се на Господ во Неговото светилиште. 3#18,10-15; 77,17-18; 97,2-4; 104,7; 2 Мојс 19,16; 19,17-18; Ис 30,30; Ез 10,5; Авак 3; Јов 37,2-5Гласот Господов е над водите; Бог на славата грми, Господ над силните води. 4Гласот Господов е во силата, гласот Господов полн со величес­твеност. 5Гласот Господов крши кедри; ги крши Господ кедрите леванонски, 6#114,4и направи како теле да потскокнува Ливан, а Сирион – како младо биволче. 7#Авак 3,11Гласот Господов фрла огнен пламен. 8Гласот Господов ја потресува пус­тината; ќе ја затресе Господ пустината Кадис. 9Гласот Господов ги породува бремените кошути и ги оголува горите; и во храмот Негов секој ја возвестува славата Негова. 10#1 Мојс 6–9; Ис 54,9Господ седи на престолот над во­дите, и ќе седи Господ како цар довека. 11#28,8; 68,35; Дан 7,27Господ ќе му даде сила на Својот народ, Господ со мир ќе го благо­слови народот Свој.

Currently Selected:

Псалми 29: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in