Псалми 20
20
ПСАЛМ 20
Молитва за победа. Увереност во Божјата помош
1 #
2,6; 18,48; 44,5; 1 Цар 8,30; Изреки 18,10 Нека те слушне Господ во тежок ден, да те заштити името на Бог Јаковов. 2Да ти испрати помош од светилиштето и од Сион да те поткрепи. 3Нека си спомне за секоја твоја жртва; и сепалениците твои да бидат примени. 4Да ти го даде Господ и она што ти срце сака; и сите твои помисли да ги исполни. 5Ќе се зарадуваме на твоето спасение и во името на нашиот Бог ќе ги подигнеме нашите знамиња. Да ги исполни Господ сите твои молби. 6#2,2; 18,50; 1 Сам 10,1Сега знам дека Господ ќе му помогне на Својот помазаник, ќе го услиши од светите Свои небеса, со силата на Неговата победоносна десница. 7#33,16-17; 147,10; Ис 40,30-31; Ос 1,7; 2 Лет 14,10Едни – со коли, други – со коњи, а ние со името на Господ, нашиот Бог, се фалиме: 8тие ќе се препнат и ќе паднат, а ние ќе се кренеме и ќе стоиме прави. 9#118,25Господи, дај му победа на царот и слушни нѐ кога Ти се молиме!
Currently Selected:
Псалми 20: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006