YouVersion Logo
Search Icon

Псалми 143

143
ПСАЛМ 143
Смирена молитва на страдалник
1 # 17,1 Господи, слушни ја молитвата мо­ја, чуј го молењето мое поради Твојата верност; услиши ме според Твојата праведност 2#130,3; Јов 9,2; 14,3-4; Проп 7,20; Рим 3,20; Гал 2,16и не стапувај во суд со Твојот слуга, зашто пред Тебе нема да се оправда ниту еден од живите. 3#88,6; Плач 3,6Непријателот ја прогонува душата моја, го скршил животот мој дури до земјата, ме остави во темнина како оние кои се одамна умрени; 4#77,3; 142,3; Јов 17,1опадна духот мој во мене, се скамени во мене срцето мое. 5#77,5.12Се сеќавам на дамнешните дни и размислувам за сите Твои дела, расудувам за делата на Твоите раце. 6#42,1-2; 63,1; 88,9Ги протегнав кон Тебе рацете мои, душата моја е жедна за Тебе како сува земја. 7#10,1; 28,1; 69,17; 88,4; 102,2Услиши ме, поскоро, Господи: духот мој премале; не одвраќај го лицето Свое од мене, за да не заприлегам на оние, што слегуваат во гроб. 8#25,2.4; 86,4Соопшти ми ја рано милоста Твоја, зашто во Тебе се надевам, Господи. Покажи ми го, Господи, патот по кој да одам, зашто кон Тебе ја издигам душата своја. 9Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто кај Тебе прибегнав. 10Научи ме да ја исполнувам волјата Твоја, зашто Ти си мојот Бог. Твојот благ дух нека ме води по прав пат. 11#25,22; 109,21Заради Твоето име, Господи, зачу­вај ми го животот; поради Твоја­та праведност – избави ја од неволја душа­та моја. 12#54,6; 116,16Според милоста Твоја истреби ги непријателите мои и погуби ги сите, кои ја измачуваат душата моја, зашто јас сум слуга Твој.

Currently Selected:

Псалми 143: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in