YouVersion Logo
Search Icon

Псалми 109

109
ПСАЛМ 109
Молитва од гонет за да се казнат неговите непријатели и Бог да се смилува на него
1 # 28,1; 35,22 Боже, похвало моја, не премолчу­вај, 2зашто против мене се отворени грешни и лажливи усти; зборуваат со лажлив јазик против мене; 3#38,12; 69,4отсекаде ме опкружуваат со злобни зборови, и без причина ме напа­ѓаат; 4#35,13; Ер 18,20место да ми возвратат со љубов, тие стануваат против мене, а јас се молам; 5#35,12; 38,20; 1 Мојс 44,4ми враќаат зло за добро, омраза – за љубов: 6#Зах 3,1; Јов 1,6„Постави над него грешник, и ѓаво­лот да застане десно од него. 7#Изреки 28,9Кога ќе му се суди, нека биде осуден, и молитвата негова да се прими за грев; 8#Дела 1,20дните негови да бидат кратки, а неговото достоинство друг да го земе; 9#2 Мојс 22,23; Ер 18,21децата негови да останат сираци, а жената му – вдовица; 10децата негови да скитаат и да станат просјаци, изгонети надвор од своите домови. 11#Јов 5,4-5; 20,17Заемодавецот да му земе сѐ што има, и туѓинци да го разграбаат трудот негов; 12#Ис 14,21нека нема кој да го заштити, да нема и кој да се смили над сираците негови; 13#Јов 18,17.19; Изреки 10,7потомството негово да загине, и да се избрише името негово во следниот род; 14#2 Мојс 20,5; Ер 18,23; Плач 1,22да биде спомнато пред Господ беззаконието на татковците негови, и гревот на мајка му да не се очисти; 15#34,16; 90,8; 139,16тие секогаш да бидат пред очите на Господ, и да се избрише споменот нивни на земјата. 16#Јов 20,19Зашто не помислил да покаже милост, туку ги гонеше бедните, си­ромасите, и оние со скршено срце, за да ги уништи; 17засакал клетва – па таа нека го стигне: не посакал благослов, – тој нека се оддалечи од него; 18#4 Мојс 5,22-24нека се облече во клетва како во облека; и таа нека влезе во него како вода, и како масло – во неговите коски; 19#73,6; 76,10та да му биде како облека, во која се облекува, и како појас, со кој секогаш се опашува.“ 20Таква нека биде отплатата од Господ на оние што ме мразат и на оние што лошо зборуваат против душата моја. 21#25,11; 31,3; 79,9; 103,8; 106,8; 143,11; Ис 48,9; Ер 14,7.21; Ез 20,9; 20,13.21.43А мене, Господи, Господи, заш­тити ме заради Твоето име, зашто е блага милоста Твоја; избави ме, 22#40,17; 55,4; 143,4зашто сум беден и сиромав, и срцето мое во мене е рането. 23#102,11; 144,4; Јов 8,9Исчезнувам како сенка што се од­далечува; ме гонат како скакулец. 24#69,10Колената ми изнемоштија од пост, а телото мое ослабе. 25#22,6-7; Јов 16,4; Мт 27,29Им станав за потсмев; оние што ме гледаат, нишаат со главите свои. 26#6,4; 70,1Помогни ми, Господи, Боже мој, спаси ме поради Твојата милост. 27#22,31; 64,9Нека разберат дека е тоа Твојата рака и дека, Ти, Господи, си го напра­вил тоа. 28Тие проколнуваат, а Ти, пак, благослови; и оние што стануваат против мене нека бидат посрамени, а Твојот слуга да се зарадува. 29#35,26; 71,13; Ис 65,13-15; Ер 20,11Нека се облечат во презир противниците мои и како со облека да се покријат со својот срам, 30#22,25-26; 71,22-23и јас со устата моја многу ќе Го славам Господа и меѓу мнозина ќе Го прославувам, 31#7,1; 16,8; 31,15; 110,5; 121,5зашто застана од мојата десна страна, за да ја спаси мојата душа од оние што ме гонат.

Currently Selected:

Псалми 109: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in