YouVersion Logo
Search Icon

Псалми 107

107
ПЕТТА КНИГА
ПСАЛМ 107
Благодарствена песна на избавените кои Го призиваат Господа во мака
1 # 100,5; 106,1; 118,1.29; 135,3; 136,1; Ер 33,11; Езд 3,11; 1 Лет 16,34.41 Славете Го Господа, зашто е до­бар, зашто е вечна милоста Негова! 2#106,10; Ис 62,12Така да велат избавените од Господ, оние што ги откупи од непријателска рака. 3#106,47; Ис 11,12; 43,5-6; 49,11; Зах 8,7-8И ги собра од земјите, од исток и од запад, од север и од морето. 4#5 Мојс 8,15; 32,10; Ез 34,6Тие скитаа по безводната пустина и нигде пат ниту населен град не најдоа; 5#Ис 41,17; 49,9трпеа глад и жед, душата им ос­лабна во нив, 6#34,17; Ис 63,9; Ос 5,15но во жалоста своја Го повикаа Гос­пода, и Тој ги избави од нивните неволји 7#5 Мојс 6,10; Ис 35,8; 40,2; 43,19и ги поведе по правиот пат, за да одат кон населен град. 8Нека Го слават Господа за милос­та Негова и за чудесата Негови што им ги направи на синовите човечки: 9#146,7; Ис 49,10; 55,1; Лк 1,53зашто Тој ја напојува жедната душа и душата гладна ја исполнува со блага. 10#Ис 9,1; 42,6.21; Јов 36,8-9; Лк 1,79Тие седеа во темнина и смртна сен­ка, оковани со сиромаштија и железо; 11#106,43; 3 Мојс 26,40-41бидејќи не се покорија на зборо­вите Божји и се противеа на волјата на Се­вишниот. 12#22,11; Јов 30,13Тој го скрши нивното срце со мака, се сопнаа, и немаше кој да им помогне. 13#22,5; 106,44Тогаш во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од маките нивни; 14#Ис 42,7.16; 49,8; 51,13; 52,1; 61,1ги изведе од темнината и смртната сенка и ги раскина оковите нивни. 15Нека Го слават Господа за милос­та Негова и за Неговите чудесни дела кон синовите човечки, 16#Ис 45,2; 61,1; Ер 51,30зашто Тој ги здроби бронзените порти и ги скрши железните резиња. 17Неразумните страдаа поради своите грешни патишта и поради беззаконијата свои! 18#Ис 38,10; Јов 6,6-7Од секоја храна им се одвраќаше душата, и се приближија до вратата на смртта. 19Но во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од неволјите нив­ни; 20#147,15.18; Ис 9,7; 55,9-10; Јов 33,18; 18,13-15; Мт 8,8; Дела 13,26го испрати Своето слово, ги изле­кува и ги спаси од пропаст. 21Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова спрема синовите човеч­ки! 22#50,14; Евр 13,15Нека Му принесуваат похвална жртва и нека ги разгласуваат делата Негови со радост. 23Оние што запловија по море на ко­раби, што имаа работа по големите води – 24тие ги гледаа делата на Господ и чудесата Негови во длабочините. 25#Јона 1,4-5Тој рече – и настана бурен ветер и високо ги издигна морските бранови; 26се издигаа до небесата, слегуваа до бездната; нивната присебност се губи во неволјата; 27#Ис 29,9тие се збунуваат, се нишаат како пијани, и сета нивна мудрост им ис­чез­нува. 28#Јона; 1,14-15Тогаш во скрбта своја повикаа кон Господ, и Тој ги изведе од маките нив­ни. 29#65,7; 89,9; Ис 43,2; 57,19; Мт 8,26И ѝ заповеда на бурата и таа се претвори во тивок ветрец и брановите молкнаа. 30Тие се развеселија, зашто стивнаа, а Тој ги упати кон нивното сака­но пристаниште. 31Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова и за Неговите чудес­ни дела спрема синовите човечки! 32Нека Го возвеличуваат со собра­нието народно и нека Го слават во со­ветите на старешините! 33#Ис 42,15; 44,26; 50,2Тој претвора реки во пустина, и водни извори – во сушна земја, 34#114,8; 1 Мојс 13,10; 19,22-27; 5 Мојс 29,22земја плодородна – во солница, по­ради злобата на оние што живеат во неа. 35#114,8; Ис 41,18Тој претвори пустина во езеро, а сува земја – во земја со водни извори; 36#Ез 36,35таму насели гладни, а тие изгра­дија град за живеење; 37#Ис 65,21; Ер 31,5; Амос; 9,13-15засеаја ниви, насадија лози, и тие им даваат свои плодови. 38#5 Мојс 7,13-14; Ис 49,21Тој ги благословуваше, и тие многу се размножуваа, и добитокот нивен Тој не им го намалуваше. 39Кога беа проредени и пострадаа од притисокот на злото и од неволјата, 40#Јов 12,21.24; Лк 1,51-52Тој изли презир над кнезовите и ги остави да скитаат по пустината, каде што нема патишта. 41#113,7-8; 147,6; 1 Сам 2,8; Ис 65,13-14; Ер 31,27; Јов 21,8-11; Лк 1,52-53Но бедниот го извлече од сиромаштија, го умножи родот негов како овчо стадо. 42#58,10; 63,11; Јов 5,16; 22,18Праведните го гледаат тоа и се ра­дуваат, а секоја злоба си ја затвора устата своја. 43#Ер 9,11; Ос 14,10Кој е мудар и го пази ова, ќе ја раз­бере милоста Господова.

Currently Selected:

Псалми 107: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in