Псалми 102
102
ПСАЛМ 102
Молитва на страдалник
1 #
142,2
Господи, услиши ја молитвата моја и повикот мој нека дојде до Тебе! 2#39,12; 88,2; 2 Сам 22,7Не одвраќај го лицето Свое од мене, во денот на мојата жалост приклони го увото Твое кон мене; во денот, кога Те повикувам, услиши ме бргу, 3#13,1; 27,9; 69,17; 143,7; 17,6; 31,2; 71,2; 143,7зашто дните ми исчезнуваат како дим, а коските мои горат како оган; 4#Јов 30,30попарен сум како трева, срцето ми е исушено, така што заборавам и лебот свој да го јадам; 5#90,6; Ис 40,7од гласот на моите воздишки коските ми се залепија за телото мое. 6#6,6; 22,17; 109,24; Јов 19,20; Плач 4,8Заприлегав на пеликан во пустина; станав како був во урнатини; 7не спијам, седам како самотна птица на покрив. 8Секој ден ме навредуваат непријателите мои, и фалејќи се, ме проколнуваат. 9Јадам пепел како леб и пијалакот свој со солзи го мешам. 10#42,3; 80,5Поради гневот и јароста од лицето Твое бев подигнат, а потоа соборен. 11Дните мои исчезнуваа како вечерна сенка и јас се сушам како сено. 12#37,2; 90,5-6; 103,15; 109,23; 129,6; 144,4; Ис 40,5-7; 51,11; Јов 8,9; 14,2; Проп 6,12; 8,12; 1 Лет 29,15; Мт 6,30; Лк 12,28; Јк 1,10-11А Ти, Господи, вечно пребиваш; и името Твое е од род во род. 13#9,7; 135,13; 145,13; 146,10; Плач 5,19Стани, смилувај му се на Сион, зашто време е да се смилуваш на него – зашто дојде времето; 14бидејќи на Твоите слуги им омилеа и камењата негови и за правот негов жалат. 15Незнабошците ќе се заплашат од името на Господ, а сите земни цареви – од Твојата слава. 16Зашто Господ ќе го изгради Сион и ќе се појави во славата Своја; 17#87,5; Ис 14,32ќе погледне милостиво на молитвите од беспомошните и нема да ги презре молбите нивни. 18Нека се запише ова за следниот род, та идното поколение да Го слави Господа, 19#22,30-31зашто се јави од светата Своја височина, Господ од небесата погледна на Земјата, 20#14,2; 33,12-15; 113,5-6; 5 Мојс 26,15; Ис 63,15за да ги чуе офкањата на окованите, да ги ослободи осудените на смрт, 21#79,11за да го разгласат името Господово на Сион и похвалата Негова во Ерусалим, 22кога ќе се соберат народите и царствата заедно да Му служат на Господ. 23#Ис 60,3-4Тој ми ја откажа заштитата Своја на патот мој, ги скрати дните мои. 24#26,9; 55,23; 90,10; Ис 38,10; Ер 17,11; Изреки 10,27Боже мој! Не земај ме на половината од деновите мои! Твоите години се од род во род. 25Во почетокот Ти, Господи, ја основа Земјата, небесата се дело на Твоите раце; 26#Ис 51,6-8; 65,16; 66,22; Плач 5,19; Евр 1,11-12; 13,8тие ќе пропаднат, а Ти ќе пребиваш; сите тие – како облека ќе оветвеат, и како наметка Ти ги менуваш и тие исчезнуваат. 27Но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да завршат. 28Синовите на Твоите слуги ќе се веселат и потомството нивно ќе се зацврсти за навек.
Currently Selected:
Псалми 102: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006