YouVersion Logo
Search Icon

Неемија 9:16-17

Неемија 9:16-17 MK2006

Но тие, нашите татковци, беа упорни, се покажаа тврдоглави и не ги послушаа Твоите заповеди; не сакаа да се покоруваат и не се сетија на Твоите чудесни дела што ги беше направил со нив, станаа тврдо­глави и со својата упорност поста­вија над себеси водач за да се вратат во ропството свое. Но Ти си Бог, Кој сака да проштева, добар и милостив, долготрпелив и многумилостив, и Ти не ги остави.