YouVersion Logo
Search Icon

Неемија 6

6
Непријателите повторно се противставуваат
1 # 2,10.19 Кога слушнаа Санавалат, Товија и Гешем, Арабјанецот и другите на­ши непријатели дека јас го изѕидав ѕидот, и дека на него не остана ниту една пукнатина – до тоа време, меѓу­тоа, не бев поставил уште врати на портите, – 2тогаш Санавалат и Гешем испра­тија луѓе да ми кажат: „Дојди да се сретнеме во Кефирим, во долината Оно!“ Тие намислиле да ми направат зло. 3Но јас испратив пратеници да им кажат: „Зафатен сум со голема работа, не можам да слезам; работата ќе запре, ако ја оставам и слезам кај вас.“ 4#5,8Четирипати тие ми испраќаа таква покана, а јас им враќав ист одговор. 5Тогаш Санавалат го испрати по ме­не, за петти пат, слугата свој со отво­рено писмо во раката своја. 6Во него беше напишано: „Глас се разнесува меѓу народите, и Гешем тврди дека, божем, ти и Јудејците сте намислиле да дигнете востание, поради што и го ѕидаш ѕидот и сакаш да им бидеш цар; така се зборува; 7си поставил и пророци да разгласуваат за тебе во Ерусалим и да говорат: ‚цар јудејски!‘ А таквите зборови ќе дојдат до царот. Затоа дојди, и ќе се посоветуваме заедно.“ 8Но јас испратив да му кажат: „Ништо такво немало, за што зборуваш; сам си го измислил со својот ум.“ 9А тие сите нѐ заплашуваа, велејќи: „Ќе им капнат рацете од таа работа, и таа нема да се заврши.“ Но јас уште повеќе си ги зацврстив рацете свои. 10#4 Мојс 18,7Отидов во куќата на Шемаја, син на Делаја, син Мехетавелов, и тој се затвори и рече: „Да појдеме во Божјиот дом, внатре во храмот, и да ја заклу­чиме потоа вратата на храмот, зашто ќе дојдат да те убијат ноќе.“ 11Но јас одговорив: „Зарем треба да бега човек како мене? Треба ли таков човек каков што сум јас да влезе во хра­мот за да остане жив! Не одам.“ 12#Ез 13,22-23Јас знаев дека не го беше испра­тил Бог, – иако ми говореше пророч­ки, – туку дека Товија и Санавалат го беа поткупиле. 13#Ер 20,10Тој беше поткупен за да ме ис­плаши, да постапам така и да згрешам, та да имаат за мене лошо мислење и да ме казнат за тоа со прекори. 14#Ер 23,9-40; Зах 13,2-3Помни ги, Боже мој, Товија и Сана­валат според тие нивни дела, а исто така и пророчицата Ноадија и другите пророци што сакаа да ме уплашат? 15Ѕидот беше завршен во дваесет и петтиот ден од месецот елул, точно за педесет и два дена. 16Кога слушнаа за тоа сите наши непријатели, и го видоа тоа сите околни народи, многу се исплашија и сфатија дека таа работа е извршена од нашиот Бог. 17Освен тоа, во тие дни повидните Јудејци пишуваа писма и ги испраќаа до Товија, а Товиевите писма одеа до нив, 18зашто мнозина во Јудеја со заклетва склучија сојуз со него, зашто тој му беше зет на Шеханија, син Арахов, а синот негов Јонатан беше женет за ќер­ката на Мешулам, синот на Варахија. 19Тие говореа пред мене дури и за неговата добрина, а моите зборови му се пренесуваа нему. Товија испраќаше писма за да ме заплаши.

Currently Selected:

Неемија 6: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in