YouVersion Logo
Search Icon

Марко 9

9
1 # 13,30; Рим 1,4 И им рече: „Вистина ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт, додека не го видат царството Божјо, дојдено во сила.“
Исусовото преображение
(Мт 17,1-9; Лк 9,28-36)
2 # 1,29; 5,37; Лк 8,51 А по шест дни, Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и ги одведе сами на висока гора, насамо, и се преобрази пред нив. 3#16,5; Мт 28,3; Откр 3,4Алиштата Му станаа светли, многу бели, како снег, какви што белило на земјата не може да избели. 4#2 Цар 2,11-12; Мт 11,14И им се јави Илија со Мојсеј, и разговараа со Исус. 5#10,51; 11,21; 14,44-45Тогаш проговори Петар и Му рече на Исус: „Рави, добро ни е да бидеме овде; да направиме три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“ 6#14,40Зашто не знаеше што да каже, би­дејќи беа многу уплашени. 7#1,11; 5 Мојс 18,15; 3 Мојс 16,2; Мт 17,5; Дела 3,22; 2 Птр 1,17И се појави облак, па ги засени; и од облакот дојде глас, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, Него слушајте Го!“ 8И одеднаш, кога погледнаа наоколу, никого веќе не видоа покрај себе, освен Исус. 9#1,34; Лк 9,36А кога слегуваа од гората, им за­по­веда никому да не кажуваат што ви­де­ле, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите. 10И го задржаа тој збор во себе, прашувајќи се еден со друг што значи тоа: „Да воскресне од мртвите?“
За Илија
(Мт 17,10-13)
11 # Мал 3,23 И Го прашаа, велејќи: „А зошто книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“ 12#8,31; Ис 53,3; Мал 3,23-24; Пс 22,1-17А Тој, пак, одговори и рече: „Илија ќе дојде порано и ќе уреди сѐ; а Синот Човечки, како што е напишано за Него, треба да пострада многу и да биде понизен. 13#1 Цар 19,2.10; Мт 11,14Но ви велам дека и Илија дојде, ка­ко што е напишано за Него, и му на­пра­вија што сакаа.“
Исцелувањето од нечист дух
(Мт 17,14-21; Лк 9,37-43)
14И кога дојде кај учениците Свои, виде многу народ околу нив и книж­ни­ци, кои се препираа со нив. 15И штом Го виде, сиот народ се ис­плаши; а кога се приближија, Го поздравуваа. 16Ги праша книжниците: „Зошто се препирате со нив?“ 17Тогаш еден од народот одговори и рече: „Учителе, го доведов кај Тебе син ми, во кого има нем дух; 18и секогаш, каде и да го фати, го кутнува, и тој се запенува, и крцка со забите, и се здрвува. И им кажав на уче­ниците Твои да го изгонат, но тие не можеа.“ 19#Мт 12,39А Исус одговори и рече: „О, роде неверен, до кога ќе бидам со вас? До ко­га ќе ве трпам? Доведете го кај Мене!“ 20И кога го доведоа кај Него – штом го виде, веднаш духот го стресе; и тој падна наземи и се валкаше запенет. 21Го праша Исус татко му: „Колку време има откако станува тоа со него?“ Тој одговори: „Од детството; 22и многупати духот го фрлал во оган, и во вода, за да го погуби: но, ако можеш, смилувај се над нас и помогни ни!“ 23#5,36; 11,23-24; Лк 17,6А Исус му рече: „Ако можеш да поверуваш – сѐ е можно за оној што верува!“ 24#Лк 17,5И одеднаш таткото на момчето из­вика и со солзи рече: „Верувам, Гос­поди, помогни му на моето неверие!“ 25#1,25; Лк 4,39А Исус, штом виде дека се собра народ, строго му заповеда на нечистиот дух и му рече: „Духу нем и глув. Јас ти заповедам: излези од него, и не влегувај веќе во него!“ 26#1,26И кога извика, силно го стресе и из­лезе; а момчето беше како мртво, така што мнозина велеа дека умрело. 27#1,31; 5,41Исус, пак, откако го фати за рака, го исправи; и тоа стана. 28И кога влезе Исус во една куќа, учениците Негови Го прашаа насамо: „Зошто ние не можевме да го исте­раме?“ 29Им одговори: „Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.“
Исус по вторпат ги навестува Својата смрт и воскресение
(Мт 17,22-23; Лк 9,43-45)
30И кога излегоа оттаму, минуваа преку Галилеја; и Тој не сакаше некој да разбере. 31#8,31; Мт 20,18-19Зашто ги учеше учениците Свои и им велеше дека Синот Човечки ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат, и на третиот ден по убивањето ќе воскресне. 32#4,13Но тие не ги разбираа овие зборови и се плашеа да Го прашаат.
Кој е најголем?
(Мт 18,1-5; Лк 9,46-48)
33И дојде во Капернаум; и кога беше дома, ги праша: „Што размислувавте меѓу себе патем?“ 34#Лк 22,24Тие молчеа, зашто патем се препираа меѓу себе, кој е поголем. 35#10,43-44; Мт 20,26Тој седна и ги повика дванаесетте, па им рече: „Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите, и слуга на – си­те!“ 36И тогаш зеде едно дете, го постави меѓу нив, го гушна и им рече: 37#Мт 10,40; Лк 10,16; Јн 13,20„Кој прима едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној, Кој Ме пратил.“
Кој не е против нас, тој е со нас!
(Лк 9,49-50)
38 # 4 Мојс 11,28 Тогаш Јован Му одговори и рече: „Учителе, видовме еден, кој во Твое име изгонува демони, а не врви по нас; и му забранивме, зашто не оди по нас.“ 39#1 Кор 12,3А Исус рече: „Не бранете му, заш­то никој, што прави чудо во Мое име, не ќе може наскоро да говори зло за Мене. 40#Мт 12,30; Лк 11,23Зашто, кој не е против вас, тој е со вас. 41#Мт 10,42; 1 Кор 3,23И кој ве напои со чаша вода во Мое име, затоа што сте Христови, вистина ви велам, нема да остане без награда.“
За соблазната
(Мт 18,6-9; Лк 17,1-2)
42 # Мт 5,29 „А кој ќе соблазни едно од овие ма­лите, што веруваат во Мене, за него е подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море. 43#Мт 5,30И ако те соблазнува раката твоја, отсечи ја; подобро е за тебе без рака да влезеш во животот, отколку да имаш две раце и да отидеш во пеколот, во неизгасливиот оган, 44(каде што нивниот црв не умира, и огнот не изгаснува.) 45И, ако те соблазнува ногата твоја, отсечи ја; подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку да ги имаш двете нозе и да бидеш фрлен во пеколот, во неизгасливиот оган, 46(каде што нивниот црв не умира ни огнот не изгаснува.) 47#Мт 5,29И, ако окото твое те соблазнува, из­вади го; подобро е за тебе со едно око да влезеш во царството Божјо, отколку да имаш две очи и да бидеш фрлен во ог­нениот пекол, 48#Ис 66,24каде што нивниот црв не умира, и огнот не изгаснува. 49#3 Мојс 2,13Зашто секој со оган ќе се посоли, (и секоја жртва со сол ќе се осоли). 50#Мт 5,13; Лк 14,34; Кол 4,6; Рим 12,18; 1 Сол 5,13Солта е добра; но, ако солта облута­ви, со што ќе ја осолите? Затоа имајте сол во себе, и мир имајте меѓу себе!“

Currently Selected:

Марко 9: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in