YouVersion Logo
Search Icon

Марко 7

7
Расправија за преданијата
(Мт 15,1-20)
1Се собраа кај Него фарисеите и некои од книжниците, што беа дошле од Ерусалим. 2#Лк 11,38И кога видоа дека некои од Не­го­ви­те ученици јадат леб со нечисти, односно со немиени раце, ги укорија. 3(Зашто фарисеите и сите Јудејци, држејќи го преданието на старите, не јадат, дури не ги измијат рацете до лактите; 4#Мт 23,25; Лк 11,39и кога ќе се вратат од пазар, не ја­дат, дури не се измијат; и уште многу друго има што примиле и го држат; ми­ење чаши, чинии, котли и столови.) 5Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: „Зошто учениците Твои не постапуваат според преданието на ста­рите, но со неизмиени раце јадат леб?“ 6#Ис 29,13А Тој им одговори и рече: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‚Овој народ со уста Ме почитува, но срцето им е да­ле­ку од Мене; 7#Кол 2,22но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘ 8Зашто, вие, оставајќи ја Божјата за­повед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.“ 9И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите ва­шето предание. 10#2 Мојс 20,12; 21,17; 3 Мојс 20,9; 5 Мојс 5,16; Мт 15,4Зашто Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ и ‚Кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни.‘ 11#Мт 15,5-6А вие велите: ‚Ако некој каже на татка си или на мајка си: она, со кое би можел да те издржувам е корбан, односно, прилог е‘, 12#Изреки 28,24тогаш таквиот не го оставате веќе ништо да стори за својот татко или за својата мајка, 13престапувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; многу такви слични работи вр­шите.“ 14#4,9И кога го повика сиот народ, им ре­че: „Слушајте Ме сите и разберете: 15ништо, што влегува во устата на чо­векот однадвор, не може да го ос­квер­ни; туку она што излегува од него, тоа го осквернува човекот. 16Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“ 17#4,10; 10,10И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата. 18А Тој им рече: „Зар сте и вие така неразумни? Не разбирате ли дека ниш­то, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни? 19#Дела 10,13-15; Кол 2,16-17.21-22; Тит 1,15Зашто, тоа не оди во срцето, туку во стомакот, и излегува надвор, чис­теј­ќи ја сета храна.“ 20#Рим 14И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот. 21#Мт 15,19Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодеј­ства, блудства, убиства, 22кражби, лакомства, лукавства, па­кос­ти, злоби, око завидливо, богохул­ство, гордост, безумство. 23Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот.“
Верата на една жена
(Мт 15,21-28)
24 # 1,29; 10,10 И кога се крена оттаму, отиде во пределите Тирски и Сидонски; и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го дознае. Но не можеше да се сокрие. 25Зашто чу за Него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па дојде и пад­на пред нозете Негови. 26#Мт 8,29А таа жена беше друговерка, по по­текло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера демонот од ќерка ѝ. 27Но Исус ѝ рече: „Остави најнапред да се нахранат децата; зашто не е право да се земе лебот од децата и да им се фрли на кучињата.“ 28А таа одговори и Му рече: „Да, Гос­поди! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на децата.“ 29И ѝ рече: „За ова што го рече – мо­жеш да си одиш! Демонот излезе од ќерка ти.“ 30И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а демонот беше излегол од неа.
Исцелувањето на глувонем
31 # 5,20 И пак излезе Исус од пределите Тирски и Сидонски и отиде кон Га­ли­лејското Море, низ пределите на Де­сет­тоградието. 32#5,23И доведоа кај Него еден глув и тепкав, па Го молеа да положи над него ра­ка. 33#8,23Исус, откако го одведе настрана од народот, ги стави Своите прсти во не­го­вите уши; а кога плукна, го допре не­го­виот јазик; 34#6,41; Мт 14,19потоа погледна на небото, воздивна и му рече: „Ефата!“ – што значи: „Отво­ри се!“ 35#Мт 8,3И веднаш му се отвори слухот, и се разврзаа врските на неговиот јазик и го­вореше чисто. 36#1,25.44-45; 5,43; Мт 9,30-31И им заповеда никому да не ка­жу­ваат. Но, колку повеќе Тој им забрануваше, толку повеќе тие разгласуваа. 37#9,25; 1 Мојс 1,31; Ис 35,5-6; Мт 11,5; 15,31И прекумерно се чудеа и велеа: „Сѐ добро прави: и глувите ги прави да слушаат и немите да зборуваат!“

Currently Selected:

Марко 7: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in