YouVersion Logo
Search Icon

Марко 11

11
Свеченото влегување во Ерусалим
(Мт 21,1-11; Лк 19,28-40; Јн 12,12-19)
1 # 13,3; 14,26; Зах 14,4; Лк 21,37; Јн 8,1; Дела 1,12 И кога се приближи до Еруса­лим, во Витфагија и Витанија, кај Маслиновата Гора, испрати Исус двајца од учениците, 2#Зах 9,9и им рече: „Одете во селоно, што е наспроти вас, па штом ќе влезете во не­го, ќе најдете врзано младо магаре, што ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го! 3И, ако ви рече некој: ‚Зошто го правите тоа?‘ Кажете дека Му е потребно на Господ; и тој веднаш ќе го прати тука.“ 4Тие отидоа и го најдоа младото ма­га­ре, врзано за портата однадвор, на крстопатот и го одврзаа. 5И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: „Што правите? Зошто го од­врзувате?“ 6А овие им одговорија, како што им беше заповедал Исус и тие ги оставија. 7И го доведоа младото магаре кај Исус, ги кладоа врз него алиштата свои и Тој седна на него. 8И мнозина ги постилаа своите облеки по патот. 9#Пс 118,25.26; Мт 21,15; 23,39А оние, што одеа пред Него и по Не­го, викаа и велеа: „Осана! Благословен е Оној што иде во името Господово! 10#2 Сам 7,16; Пс 148,1; Јов 16,19; Лк 1,32-33Благословено е царството на на­ши­от татко Давид, кое иде во името Гос­по­дово! Осана во висините!“ 11И влезе Исус во Ерусалим, во хра­мот, разгледа сѐ, па, бидејќи веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесетте во Витанија.
Смоквата што не дава плод
(Мт 21,18-19)
12А утредента, кога излегоа од Ви­та­нија, Тој огладне; 13#Ер 8,13; Мих 7,1; Лк 13,6и кога оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше времето за смокви. 14#11,20И Исус ѝ рече: „Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!“ И го чуја тоа учениците Негови.
Исус во храмот
(Мт 21,12-17; Лк 19,45-47; Јн 2,13-22)
15 # 11,27; Јн 2,14-15 И пак дојдоа во Ерусалим. Кога влезе Исус во храмот, почна да ги брка оние, што продаваа и купуваа во хра­мот, и им ги преврте масите на менува­чите на пари и столовите на оние, што продаваа гулаби; 16и не дозволуваше никој преку хра­мот да пренесе каков и да било сад. 17#Ис 56,7; Ер 7,11; Мт 21,13; Лк 19,46; Јн 2,16И ги поучуваше, велејќи: „Не е ли напишано: ‚Домот Мој, дом за молитва на сите народи ќе се нарече‘? А вие го направивте како разбојничко гнездо!“ 18#1,22; 6,2; Мт 14,5; 21,46; Лк 22,2И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, гледаа како да Го погубат, бидејќи се плашеа од Него, зашто сиот народ се восхитуваше на Неговото учење. 19#Мт 21,17А кога се стемни, Тој излезе надвор од градот.
Лекција за смоквата
(Мт 21,20-22)
20 # 11,14 Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен. 21И кога се сети, Петар Му рече: „Ра­ви, погледај! Смоквата, што ја проколна, се исушила!“ 22#Јн 14,1А Исус им одговори и рече: 23#9,23; Мт 8,10; 17,20„Имајте вера во Бога. Зашто, вистина ви велам ако некој ѝ рече на оваа планина: ‚Дигни се и фрли се в море!‘ и не се посомнева во срцето свое, туку по­ве­рува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже. 24#Ер 29,12; Мт 18,19; Јн 11,22Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете – и ќе ви биде. 25#Мт 5,23-24; 6,14; Ефес 4,32; Кол 3,13И кога стоите на молитва, простувајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прос­ти вашите гревови. 26#Мт 6,15; 18,35Ако ли, пак, вие не простувате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.“
Исусовата власт
(Мт 21,23-27; Лк 20,1-8)
27 # 8,31; 14,43.53; 15,1; Мт 27,41; Дела 4,5 И пак дојдоа во Ерусалим; а кога одеше низ храмот, се приближија до Него првосвештениците и книжниците и старешините, 28па Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа? Или кој Ти ја дал таа власт, да го правиш тоа?“ 29Исус им одговори и рече: „Ќе ве прашам и Јас за нешто и одговорете Ми, а потоа и Јас ќе ви кажам, со каква власт го вршам тоа. 30#Мт 3,6Крштавањето Јованово од небото ли беше, или од луѓето? Одговорете Ми!“ 31#Мт 21,32; Лк 7,30А тие си мислеа во себе и велеа: „Ако кажеме ‚Од небото‘ – ќе рече: ‚Па зошто не му поверувавте?‘ 32#Мт 14,5Но, ако кажеме, ‚Од луѓето‘“ – се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јован за вистински пророк. 33И одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Исус им одговори и ре­че: „Ни јас не ви кажувам, со каква власт го вршам тоа.“

Currently Selected:

Марко 11: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in