YouVersion Logo
Search Icon

Михеј Вовед

Вовед
Пророкот Михеј му бил современик на пророкот Исаија. Пророкувал во периодот од 740 до 700 година пр. Христос. Тој потекнува од еден мал град во Јудеја. Неговата порака се однесува конкретно за Самарија – главниот град на Израел и за Ерусалим – главниот град на царството Јудеја.
Наместо да го водат народот во верност кон Господ, водачите во обете царства ги вовеле луѓето во идолопоклонство, во измами и ограбувања на сиромасите. Затоа, Господ им навестува казна и на Јудејците, и на Израелците. Воедно, Господ им објавува дека, во иднина, народите на Јудеја и на Израел ќе се вратат кај Господ. Тогаш Тој и од Него избраниот цар ќе се грижат за наро­дот како што пастирот се грижи за своите овци.
Важни моменти во оваа книга се најавите за сеопшт мир под Божјо водство (4,1-4) и претскажувањата за Великиот Цар (Исус Христос), Кој ќе произлезе од семејната лоза на царот Давид (5,2-5). Тоа што Бог го очекува од луѓето е убаво искажано во еден единствен стих (6,8).

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in