YouVersion Logo
Search Icon

Михеј 5

5
1 # Рута 4,11; Мт 2,6; Јн 7,42 Но ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој ќе владее во Израел и чие потекло е од почетокот, од вечноста. 2#Ис 7,14Затоа Тој ќе ги остави до времето додека роди онаа, која треба да роди; тогаш кај синовите Израелови ќе се вратат и нивните други браќа. 3Ќе застане Тој и ќе ги пасе со силата на Господ, со величието на името Господово, својот Бог и тие ќе живеат во мир, зашто тогаш Тој ќе биде велик до краиштата на земјата.
Асирија ќе биде поразена
4 # Суд 6,24; Ис 9,5; Амос 1,3; Ефес 2,14 И Тој ќе биде мирот. Кога ќе дојде Ашур во нашата земја и ќе стапи во нашето владение, тогаш ние против него ќе поставиме седум пастири и осум народни кнезови. 5#1 Мојс 10,8-11; Пс 2,9Тогаш тие ќе ја завладеат земјата Ашурова со меч, и земјата на Нимрод со сабја, и Тој ќе нѐ избави од Ашур, ако дојдат во нашата земја и влезат во пределите наши.
Остатокот од Божјиот народ
6 # Ис 4,3; Ос 14,6 А остатокот од Јаков меѓу многуте народи ќе биде како роса од Господ, како ситен дожд по трева. Тој нема да зависи од човек и нема да се потпира на смртници. 7И остатокот на Јаков ќе биде меѓу народите, меѓу многу племиња, како лав меѓу горски ѕверови, како лавче меѓу овчо стадо; и кога ќе се појави, ќе гази и ќе растргнува и никој не ќе може да се спаси од него. 8Тогаш ќе се крене раката Твоја над непријателите Твои и тие ќе бидат истребени.
Истребување на идолите
9 # Ос 14,4; Зах 9,10 И во оној ден, вели Господ, ќе ги истребам коњите твои пред тебе и ќе ги уништам колите твои; 10и ќе ги сотрам градовите во твојата земја и ќе ги растурам сите тврдини твои; 11ќе ги истргнам магиите од рацете твои и кај тебе не ќе има веќе вражачи; 12ќе ги уништам идолите и резаните ликови кај тебе и нема веќе да се поклонуваш на творби од рацете твои; 13#2 Мојс 23,24; 34,13и ќе ги искоренам од твојата средина идолските светилишта и ќе ги разорам градовите твои. 14Во гнев и со јарост ќе се одмаздам над народите што беа непослушни.

Currently Selected:

Михеј 5: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in