YouVersion Logo
Search Icon

Малахија Вовед

Вовед
Книгата на пророкот Малахија потекнува од петтиот век пр. Христос. Тоа е време кога многу Јудејци се вратиле од прогонството во Вавилон и кога ерусалимскиот храм веќе бил обновен. Свештениците ги вршеле своите поранешни должности, принесувајќи жртви донесени од народот, но со голем формализам. Луѓето и свештениците немале искрена почит и послушност кон Божјите закони. Имало бројни неправди кон сиромасите и немоќните, а и разводите биле зачестени.
Пророкот Малахија ги повикува и народот и свештениците да принесуваат праведни жртви и да бидат верни кон Бога во извршување на своите завети. Господ ќе дојде да суди и да го прочисти Својот народ, испраќајќи гласник да го приготви патот и да објави нов завет помеѓу Бога и луѓето (3,1, 23). Во Евангелијата според Матеј и според Лука, овој претходник е идентификуван со личноста на Јован Крстител (Мт 17,11-13; Лк 1,17), а доаѓањето на Господ се исполнува во личноста на Исус Христос.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in