Малахија 2
2
Вистински и лажни пророци
1И така, за вас свештениците е оваа заповед: 2#5 Мојс 28,15.58; Пс 109,17ако не послушате и не си ставите на срце, за да Му оддадете слава на името Мое, вели Господ Саваот, Јас ќе испратам врз вас проклетство и ќе ги проколнам вашите благослови, и веќе проколнувам, бидејќи вие не сакате ова да го примите на срце. 3#2 Мојс 29,14И, ете, јас ќе ви го одземам трудот, и нечистотијата ќе ви ја фрлам врз лицето ваше, нечистотиите од вашите празнични жртви, и ќе ве исфрлам заедно со нив. 4#4 Мојс 25,10-13; 5 Мојс 18,1-18; 33,8-11; Ер 33,20-22И тогаш ќе познаете дека Јас ја дадов таа заповед, за да го запазам заветот Мој со Левиј, вели Господ Саваот. 5#Ез 37,26Заветот Мој со него беше завет за живот и мир, и Јас му го дадов за страв, и тој се боеше од Мене и од името Мое се плашеше. 6Законот на вистината беше на устата негова, и неправда не се најде на јазикот негов; во мир и правда тој одеше со Мене и многумина одврати од грев. 7#5 Мојс 21,5; Мт 23,13.15Зашто устата на свештеникот треба да располага со знаење, и Законот го бараат од устата негова, бидејќи тој е гласник на Господ Саваот. 8#2 Мојс 32,8; Изреки 4,16; Неем 13,29А вие застранивте од овој пат, на многумина им послуживте како соблазна во Законот, го разрушивте заветот на Левиј, вели Господ Саваот. 9#Пс 81,2-4; Рим 2,11Затоа Јас ве направив презрени и понизени пред сите народи, зашто не ги запазивте патиштата Мои и пристрасно го применувате Мојот Закон.
Прекршен завет
10 #
5 Мојс 1,31; Јов 31,15; Изреки 22,2; Мт 23,9; Ефес 4,6 Зар сите немаме еден и ист Отец? Нели Единиот Бог нѐ создаде? Зошто тогаш вероломно постапуваме еден со друг, нарушувајќи го на тој начин заветот на нашите татковци? 11#Неем 13,23-27Вероломно постапи Јуда, и одвратност се врши во Израил и во Ерусалим; Јуда ја оскверни светињата, омилена на Господ, а освен тоа и се ожени со ќерка на туѓ бог. 12#1 Цар 12,16Господ нека го истреби од шаторите на Јаков секој, кој прави така, секој што сведочи, одговара или принесува жртва на Господ Саваот! 13#Амос 5,22А го правите и ова – го обливате со солзи жртвеникот Господов, плачејќи и воздивнувајќи, така што Тој веќе и не гледа на приносот и не ја прима жртвата за милост од рацете ваши. 14#Изреки 5,18Вие, пак, прашувате – зошто? Поради тоа што Господ беше сведок меѓу тебе и жената од твојата младост, на која не ѝ беше верен, иако таа ти е помошничка и твоја законска жена. 15#1 Мојс 2,24; Мт 5,31-32; 19,5; Ефес 5,24.32Зар Тој не направи да бидеш едно тело и еден дух со неа? И што сакаше Тој со тоа? Тој сакаше да добие потомство од Бога. Па така, пазете го духот свој и никој да не ја изневерува жената од својата младост. 16Зашто Јас мразам развод – вели Господ, Бог Израилев – и човек што си ја опоганува својата облека со неверство, вели Господ Саваот. Затоа пазете го духот свој да не постапувате вероломно. 17#3,15; Ис 43,24; Авак 1,13; Јов 21,7-8Вие Го разгневувате Господа со своите зборови, велејќи: па со што го лутиме? Со тоа што велите – секој што прави зло, добар е пред очите на Господ и таквите Му се мили, а и каде е Бог, Кој право суди?
Currently Selected:
Малахија 2: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006