YouVersion Logo
Search Icon

Лука 8

8
Жените – Исусови следбенички
1 # Мт 4,23; 10,2; Мк 1,14-15 Потоа Тој одеше по ред градовите и селата, проповедајќи и благовестувајќи го царството Божјо; а со Него беа Дванаесеттемина, 2#23,49; 24,10; Мт 27,56; Јн 19,25и некои жени што беа излекувани од демони и болести: Марија, наречена Магдалена, од која беа излегле седум демони; 3и Јоана, жената на Хуза, настојни­кот Иродов, и Сусана, и многу други, кои им служеа со своите имоти.
Парабола за сејачот
(Мт 13,1-9; Мк 4,1-9)
4А кога се насобра многу народ, и ко­га жителите од секој град доаѓаа кај Не­го, рече во парабола: 5„Излезе сејач да сее семе. Додека се­еше, едно падна покрај пат и беше из­га­зено, и птиците небески го исколваа; 6а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, зашто немаше влага; 7#Ер 4,3едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши; 8#Мт 11,15а друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод.“ От­ка­ко го рече ова, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“
Зошто служат параболите
(Мт 13,10-17; Мк 4,10-12)
9А учениците Негови Го прашаа, велејќи: „Што значи таа парабола?“ 10#Ис 6,9-10; Мт 3,2; Јн 12,40; Дела 28,26Тој рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на другите ќе им се зборува со параболи, да гледаат, а сепак да не видат, и да слу­шаат, а сепак да не разберат!
Исус ја објаснува параболата за сејачот
(Мт 13,18-23; Мк 4,13-20)
11 # 1 Сол 2,13; 1 Птр 1,23 А оваа парабола значи: семето е словото Божјо. 12#1 Кор 1,21Она што падна покрај патот, се оние кои слушаат, но потоа доаѓа ѓа­во­лот и им го зема словото од срцата нив­ни, за да не поверуваат и да не се спа­сат; 13а она на камен – се оние кои, кога ќе го чујат словото, со радост го примаат; но немаат корен и веруваат некое вре­ме, па штом дојдат искушенијата, тие се откажуваат; 14#21,34тоа, пак, што падна меѓу трње, се оние што го слушаат словото, но от­ка­ко ќе заминат, се гушат од грижи, бо­гатства и наслади од овој живот и не до­несуваат плод; 15#21,19; Рим 2,7; 5,3-4; 2 Кор 6,4а тоа што падна на добрата земја, се тие што го слушаат словото и го чуваат во добро и чисто срце, и донесуваат плод во трпение.“ Штом го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, не­ка чуе!“
Парабола за светлината
(Мт 4,21-25)
16 # 11,33; Мт 5,15; Јн 8,12 „Никој не ја поклопува со сад све­ќа­та што ја запалил, ниту ја става под лег­ло, туку ја става на свеќник, за да ја гле­даат светлината оние што вле­гуваат. 17#12,2; Мт 10,26; 1 Кор 4,5; Ефес 5,13Зашто нема тајно што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено што не ќе се разбере и не ќе излезе на виделина. 18#19,26; Мт 13,12; 25,29Па затоа: пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она што мисли дека го има.“
Вистинското семејство на Исус
(Мт 12,46-50; Мк 3,31-35)
19Дојдоа кај Него мајка Му и браќата Негови, и не можеа да се приближат до Него поради народот. 20И Му јавија, велејќи: „Мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да Те видат.“ 21#11,27-28А Тој им одговори и рече: „Мојата мајка и Моите браќа се оние што го слушаат словото Божјо и го исполнува­ат.“
Смирување на бурата
(Мт 8,23-27; Мк 4,35-41)
22Еден ден влезе Тој во кораб со уче­ниците Свои и им рече: „Да минеме на другата страна од езерото!“ И појдоа. 23Додека пловеа, Тој заспа. А над езерото се појави силен ветар, па ги плис­каше водата и тие беа во опасност. 24#5,5; 8,45Пристапија и Го разбудија, говореј­ќи: „Учителе, Учителе, загинуваме!“ А Тој, штом се разбуди, им заповеда на вет­рот и брановите; и тие се смирија и настана тишина. 25#1,12.63И им рече: „Каде е верата ваша?“ А тие се уплашија и се чудеа, велејќи си еден на друг: „Кој е Овој што и на вет­ровите и на водата им заповеда и Го слушаат?“
Исцелувањето на човекот измачуван од демони
(Мт 8,28-34; Мк 5,1-20)
26И пристигна во Гадаринскиот крај, спроти Галилеја. 27А кога излезе Тој на суво, Го сретна еден човек од градот, кој беше обземен од демони и долго време не облекуваше алишта, и не живееше дома, туку по гробовите. 28#4,34.41; Мт 8,29; Мк 3,11Кога Го виде Исус, викајќи падна пред Него, и гласно рече: „Што сакаш од мене, Ти, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Ти се молам, не мачи ме!“ 29#4,1; 11,24; 3 Мојс 16,10; Ис 13,21А Исус му беше заповедал на не­чистиот дух да излезе од човекот, зашто долго време го мачеше. Го чуваа во окови, и со ланци го врзуваа, но тој ги раскинуваше оковите и демонот го тераше да оди во пусти места. 30А Исус го праша, велејќи: „Како ти е името?“ Тој одговори: „Легион“, зашто многу демони беа влегле во него. 31И Го молеа Исус да не им наредува да одат во бездната. 32А таму, по ридот, пасеа многу сви­њи; па Го молеа да им допушти да вле­зат во нив. И им допушти. 33И откако излегоа лошите духови од човекот, влегоа во свињите; и крдото се стркала низ стрмнината и се удави во езерото. 34Свињарите, кога видоа што се слу­чи, избегаа и раскажаа по градот и око­лината. 35#10,39; Дела 22,3И излегоа да видат што станало; па кога дојдоа кај Исус, го најдоа човекот, од кого беа излегле нечистите духови, како седи пред нозете Исусови, облечен и со здрав разум; и се исплашија. 36#Мт 9,22А оние што беа виделе, им рас­ка­жаа како се излечи бесомачениот. 37#1,12; Дела 16,39Сиот народ од Герасинскиот крај Го замоли да си оди од нив; зашто се беа уплашиле многу. И Тој влезе во ко­ра­бот и се врати. 38Човекот, пак, од кого беа излегле демоните, Го замоли да биде со Не­го; но Исус го отпушти, велејќи: 39„Врати се во домот свој и рас­ка­жу­вај што ти направи Бог!“ Тој си отиде и расправаше по целиот град што му направи Исус.
Чудата со болната жена и со ќерката на Јаир
(Мт 9,18-26; Мк 5,21-43)
40А кога се врати Исус, народот Го пресретна, зашто сите Го очекуваа. 41И ете, дојде еден човек, по име Ја­ир, кој беше управник на синагогата. Тој падна пред нозете Исусови, и Го мо­леше да појде во домот негов, 42#7,12; 1 Цар 17,17зашто имаше една единствена ќер­ка на дванаесет години и таа умираше. А кога одеше Исус, народот се туркаше во Него. 43#3 Мојс 15,25И една жена, која страдаше дванаесет години од крвавење, и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува, 44пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ѝ престана крвавењето. 45И рече Исус: „Кој се допре до Ме­не?“ А бидејќи сите порекнуваа, Му ре­че Петар и оние што беа со Него „Учи­теле, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘“ 46#5,17; 6,19Но Исус рече: „Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.“ 47Жената, штом виде дека не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела. 48#7,50; 17,19; 18,42; Дела 3,16А Тој ѝ рече: „Не бој се, ќерко, ве­ра­та твоја те спаси; оди си во мир!“ 49Додека Тој уште зборуваше, дојде некој откај началникот на синагогата и Му рече: „Ќерка ти умре; не мачи Го Учителот!“ 50#Мт 8,10Но Исус, штом го слушна тоа, одговарајќи му рече: „Не плаши се! Само верувај и ќе биде спасена!“ 51#Мт 17,1А кога пристигна во куќата, никому не му дозволи да влезе, освен на Петар, Јован и Јаков, и на таткото и мајката на девојката. 52#7,13Сите плачеа и ридаа по неа. Но Тој им рече: „Не плачете, таа не е умрена, туку спие.“ 53И Му се потсмеваа, знаејќи дека е умрена. 54#7,14А Тој откако ги истера сите, ја фа­ти за рака и извика, велејќи: „Девојко, стани!“ 55#1 Цар 17,21-22И се поврати нејзиниот дух, и се дигна веднаш, и заповеда да ѝ дадат да јаде. 56#1,12; Мк 1,34И се зачудија родителите нејзини. А Тој им заповеда никому да не кажу­ваат за тоа што стана.

Currently Selected:

Лука 8: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in