YouVersion Logo
Search Icon

Лука 20

20
Исусовата власт
(Мт 21,23-27; Мк 11,27-33)
1Еден ден, додека Тој го по­учу­ваше народот во храмот и го про­по­ведаше Евангелието, пристапија првосвештениците и книжниците со старешините 2#Јн 2,18; Дела 4,7и Му рекоа, велејќи: „Кажи ни, со каква власт го вршиш тоа, или кој е тој што Ти ја дал таа власт?“ 3А Тој им одговори и рече: „Ќе ве прашам и јас еден збор, и кажете ми: 4#11,16; Мт 3,6; Дела 10,37Дали крштавањето Јованово беше од небото, или од луѓето?“ 5#Мт 21,32А тие почнаа да размислуваат и да си зборуваат меѓу себе: „Ако кажеме – од небото, ќе рече – Зошто не му по­ве­рувавте? 6#Мт 14,5Ако, пак, речеме – од луѓето, тогаш сиот народ ќе нѐ затрупа со камења, би­дејќи е уверен дека Јован беше пророк.“ 7Затоа одговорија: „Не знаеме од ка­де е.“ 8Исус им рече: „Ни Јас нема да ви ка­жам со каква власт го вршам тоа.“
Парабола за немилосрдните лозари
(Мт 21,33-46; Мк 12,1-12)
9 # Ис 5,1; Мт 25,14 И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си зами­на на подолго време. 10#2 Лет 36,15-16А подоцна испрати кај лозарите еден слуга за да му дадат од плодовите на лозјето; но лозарите го натепаа и го пуштија празен. 11И прати повторно друг слуга: но тие и него го натепаа и го понизија, па го ис­пратија празен. 12Испрати и трет, а тие и него го ра­нија и го избркаа. 13#3,22Тогаш господарот на лозјето рече: ‚Што да направам? Ќе го испратам свој­от сакан син, можеби кога ќе го видат, ќе се засрамат.‘ 14Но лозарите, штом го видоа, си раз­мислуваа меѓу себе, велејќи: ‚Овој е на­следникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!‘ 15И кога го изведоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето? 16#Дела 13,46; 28,28Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.“ А оние што слушаа, рекоа: „Да не даде Бог!“ 17#Пс 118,22; Ис 28,16; Дела 4,11; 1 Птр 2,7Но Тој, кога ги погледна, им рече: „Што значи тогаш напишаното: ‚Каме­нот што го отфрлија ѕидарите, стана ка­мен темелник‘. 18#Ис 8,14-15Секој што ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“
За данокот
(Мт 22,15-22; Мк 12,13-17)
19 # 19,47; 22,2; Мт 14,5; Дела 5,26 И во тој час првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Него, но се плашеа од народот; зашто сфатија дека за нив ја кажа оваа пара­бола. 20#11,54; 16,15И дебнејќи Го, испратија и лукави луѓе, кои се преправаа дека се праведни, за да Го фатат во некој збор и да можат да Го предадат на поглаварите и на власта управникова. 21#3 Мојс 19,15; Пс 27,11; 51,15; Дела 9,2; 10,34; Гал 2,6; Јк 2,1И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш, и не гледаш кој е кој, туку вистински поу­чуваш за патот Божји. 22#Рим 13,6Позволено ли е да му даваме да­нок на царот или не?“ 23А Тој го разбра нивното лукавство и им рече: 24„Покажете ми еден денариј: Чија слика и натпис стои таму?“ Тие одгово­рија: „На царот.“ 25#23,2; Рим 13,7Па им рече: „Дајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“ 26И не можеа да фатат нешто во Не­говите зборови пред народот, туку само се зачудија на одговорот Негов и за­молк­наа.
Прашање за воскресението на мртвите
(Мт 22,23-33; Мк 12,18-27)
27 # Дела 4,1-2; 23,8; 1 Кор 15,12 Тогаш пристапија некои од са­ду­ке­ите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа, велејќи: 28#1 Мојс 38,8; 5 Мојс 25,5„Учителе, Мојсеј ни напиша: Ако некој оженет умре без деца, брат му да ја земе неговата жена и да го подигне потомството на својот брат. 29Си беа седум браќа. Првиот, откако се ожени, умре без деца. 30Жена му ја зеде вториот, но и тој умре без деца. 31Потоа ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина и умреа без деца. 32По сите нив, умре и жената. 33При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи со седуммината живеела?“ 34#17,27; Мт 24,38Им одговори Исус и рече: „Си­новите од овој свет се женат и мажат; 35#Фил 3,11но оние што ќе бидат удостоени да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат; 36#1 Јн 3,2всушност, тие веќе не можат да ум­рат, затоа што се еднакви со ангелите, а бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји. 37#2 Мојс 3,6; Дела 3,13; Рим 6,10-11А дека мртвите ќе воскреснат, тоа го посведочи и Мојсеј кај капината, кога Го нарече Господ – Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов. 38#Дела 17,28; Рим 14,8-9А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него се сите живи.“ 39#Мк 12,28На тоа, некои од книжниците, ре­коа: „Учителе, добро рече!“ 40#9,45И повеќе не се осмелуваа за ништо да Го прашаат.
Месијата и Давид
(Мт 22,41-46; Мк 12,35-37)
41А Тој им рече: „Како, пак, велат де­ка Христос е син Давидов? 42#Пс 110,1; Дела 2,34-35; 1 Кор 15,25Та и самиот Давид вели во Книгата на псалмите: ‚Му рече Господ на Мојот Господ: седи од Мојата десна страна, 43додека не ги положам неприја­те­ли­те Твои во подножјето на нозете Твои!‘ 44Значи Давид Го нарекува Господ. Па како тогаш може да му биде син?“
Исусовиот суд за книжниците
(Мт 23,1-36; Мк 12,38-40)
45И додека сиот народ слушаше, Тој им рече на учениците Свои: 46#11,43„Чувајте се од книжниците што ми­луваат да одат променети и сакаат поздрави по пазариштата, предни места во синагогите и да се први на гозбите; 47што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат. Тие ќе добијат потешка пресуда.“

Currently Selected:

Лука 20: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in