YouVersion Logo
Search Icon

Левитска 7

7
Жртва за престап
1 # 5,14-26; Ез 40,39 „Ова е законот за жртвата поради вина – тоа е најголема светиња. 2На она место, на кое се коле жртвата сепаленица, на тоа место нека се коле и жртвата за вина; а со крвта да се попрска жртвеникот од сите страни. 3#2 Мојс 29,13А сиот лој нејзин да се принесе; опашката и лојот што ја покрива утробата, 4и двата бубрега, и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката на црниот дроб нека ги извади заедно со бубре­зите, 5#2 Мојс 29,13нека ги изгори свештеникот врз жрт­веникот како жртва за Господ; тоа е жртва поради вина. 6#6,22; Ез 42,13; 1 Кор 10,18Секое машко од свештеничкиот род нека ја јаде; на свето место да се јаде; тоа е најголема светиња. 7#2 Мојс 30,10; 4 Мојс 5,8; 1 Кор 9,13Жртвата за вина е како жртвата за престап, еден закон е и за двете; таа му припаѓа на свештеникот, кој ослободува од гревот со помош на неа.
Тоа што останува на свештеникот
8А кога свештеникот принесува не­чија жртва сепаленица, кожата од жртвата што ја принесува негова нека биде. 9И секој лебен принос печен во печка или приготвен во подница или во тава, му припаѓа на оној свештеник што го принесува. 10#Ез 44,29А секој лебен принос приготвен со масло или без масло, им припаѓа на сите Аронови синови, подеднакво.
Жртва за мир
11Тоа е закон за жртвата за мир, што Му се принесува на Господ. 12#22,29; Ер 17,26; 33,11; 2 Лет 29,31Кога некој ја принесува од благодарност, заедно со жртвата треба да при­несат и бесквасни лебови, замесени со масло, и бесквасни питки намачкани со масло, како и пченично брашно измешано со масло и лебови, месени со масло. 13#Амос 4,5Освен питки, да принесува жртва и леб месен со квас, како жртвата за мир од благодарност. 14И од сето она што се принесува, нека принесува едно како жртва што се вознесува пред Господ; тоа нека му припаѓа на оној свештеник што попрс­кува со крвта на жртвата за мир. 15#2 Мојс 12,10А месото на жртвата за мир од бла­годарност нека биде негово и нека се изеде во оној ден кога се принесува; нека не се остава ништо до изутрината. 16#22,18-23; 4 Мојс 15,3; 5 Мојс 16,10; Ез 46,12; Пс 22,25; 50,14; Езд 1,4Ако се принесува жртва поради завет или од усрдност, таа нека се јаде во истиот ден, а ако остане нешто, нека се изеде другиот ден. 17Ако нешто од месото на таа жртва остане третиот ден, тогаш нека се изгори со оган. 18#19,7; 2 Лет 33,16; 4 Мојс 18,27Ако некој на третиот ден јаде од месото на жртвата за мир, таа нема да му биде примена, бидејќи тоа е осквернување; и секој што ќе јаде од неа, ќе згреши. 19Ако тоа месо се допре до нешто нечисто, да не се јаде, туку да се изгори со оган; а чистото месо може да го јаде секој што е чист. 20#7,11-15; 22,3-7; 1 Мојс 17,14А ако некој има на себеси нечис­тотија, па јаде месо од жртвата за мир што е на Господ, тој треба да се истреби од својот народ. 21И ако некој, откако се допре до нешто нечисто или до нечистотија човечка, или до нечист добиток, или до некоја нечиста гадинка, па јаде месо од жртвата за мир што е на Господ, тој да се истреби од народот свој!“
Прописи за народот
22И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 23#5 Мојс 14,4„Кажи им на синовите на Израел, и речи им: не јадете лој ни од вол, ни од овца, нити од коза. 24#22,8Лојот од добиток што пцовисал или е растргнат од ѕвер може да се употребува за секоја работа; но тој лој да не се јаде. 25#17,15Оној, што ќе јаде лој од добиток, што се принесува како жртва пред Господ, нека се истреби од народот свој. 26#1 Мојс 9,4Никаква крв да не јадете во сите живеалишта свои, од ниедно животно, ниту, пак, од птици. 27А кој ќе јаде каква и да било крв, ќе биде истребен од народот свој!“ 28Пак му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 29„Кажи им на синовите израелски, и речи им: кој принесува жртва за мир пред Господ, нека принесува дел од жртвата како принос на Господ. 30#2 Мојс 29,24Со свои раце да принесува принос пред Господ; лојот со градите нека го принесува, нишајќи ги градите пред лицето Господово. 31#2 Мојс 29,13.27А свештеникот нека го изгори лојот врз жртвеникот, додека, пак, градите да му припаднат на Арон и сино­вите негови. 32#4 Мојс 5,9; 6,20; 18,18А десната плешка од жртвата за мир, давајте му ја на свештеникот, за да му биде како дел. 33На свештеникот, пак, од синовите Аронови, што ги принесува крвта и лојот од жртвата за мир, нека биде не­го­ва десната плешка. 34#2 Мојс 29,22; 29,27; 4 Мојс 6,20Зашто градите од жртвата за мир и плешките што се вознесуваат, ги земам од синовите израелски и му ги давам на свештеникот Арон и на синовите не­гови како вечно озаконет дел од синовите израелски. 35#5 Мојс 18,3Тоа ќе биде дел на Арон и на синовите негови од приносите пред Господ, од оној ден кога ќе застанат пред Господ како жртвоприносители, 36како што им заповеда Господ на синовите израелски да им се дава од денот кога ги помаза. Тоа е вечен закон за поколенијата нивни. 37#2 Мојс 29,31Тоа е законот за жртвата сепаленица, за жртвата за престап, за жртвата за вина, за жртвата за посветување и жртвата за мир, 38#2 Мојс 19,11; 4 Мојс 36,13; 5 Мојс 4,5што му го даде Господ на Мојсеј во Гората Синајска, во денот кога им заповеда на синовите израелски во Пустината Синајска да Му ги принесуваат на Господ своите жртви.“

Currently Selected:

Левитска 7: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in