Левитска 20
20
Забранети ритуали
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#18,21; 5 Мојс 12,31; 2 Цар 17,17; Пс; 106,37-38„Кажи им го на синовите израелски ова: ако некој од синовите израелски или од придојдените, кои живеат меѓу Израелците, му принесе жртва на Молох од децата свои, да умре; народот од земјата со камења да го убие. 3#Ер 7,30; Ез 5,11; Пс 74,7; 79,1И Јас ќе го свртам лицето Мое против тој човек и ќе го истребам од народот негов, затоа што му принел на Молох жртва од децата свои, за да го оскверни Моето светилиште, и да се обесчести Моето свето име. 4И ако народот од земјата ги затвори очите пред тој човек, кога ќе му принесе на Молох жртва од своите деца, и не го убие, 5#1 Цар 11,7тогаш Јас ќе го свртам лицето Мое против тој човек и против неговиот род, и ќе го истребам него и сите негови едномисленици, што ќе го следат во блудството негово, одејќи блудно по Молох. 6#19,26.31И ако некој човек тргне по оние што повикуваат мртви, и по маѓесници, за да го следат нивното блудство, Јас ќе го свртам лицето Мое против тој човек и ќе го истребам од народот негов. 7#11,44; 2 Мојс 6,2; 20,2; 29,1; 31,13; Ефес 1,4; 1 Птр 1,16Осветувајте се и бидете свети, зашто Јас сум Господ, вашиот Бог.
Забранети сексуални односи
8 #
1 Мојс 26,5; Ез 20,12 Пазете ги Моите повелби и извршувајте ги, зашто Јас сум Господ, Кој ве осветува. 9#2 Мојс 20,12; 21,17; 5 Мојс 21,18-21; Мт 15,4Човек, кој го навредува таткото свој или мајката своја да биде убиен; тој што го злословува таткото свој или мајката своја: виновен е. 10#18,20; 2 Мојс 20,14Ако некој изврши прељуба со мажена жена или со жената на ближниот свој; да бидат убиени и прељубодеецот и прељубодејката. 11#18,8Кој ќе легне со жената на таткото свој, тој ја открил голотијата на татко си; обајцата да бидат убиени; виновни се. 12#1 Мојс 38,16Ако некој легне со снаата своја, и обајцата да бидат убиени, тие извршиле нечисто дело; виновни се. 13#18,22Ако некој легне со маж како со жена, и обајцата извршиле гнасно дело: да бидат убиени, виновни се. 14#18,17; 5 Мојс 27,23Ако некој се ожени со ќерка и со мајката нејзина, тоа е беззаконие: со оган да бидат изгорени и тој и тие, за да нема беззаконие меѓу вас. 15#18,23; 2 Мојс 22,18А, ако некој пристапи кај некое животно, за да се соедини со него, убиј го него и животното: тие треба да бидат убиени – виновни се. 16И жена ако пристапи до животно, да се соедини со него, да ги убиете и жената и животното – да умрат; виновни се. 17Ако некој ја земе сестрата своја, или татковата ќерка, или мајкината ќерка, и ја види голотијата нејзина, и таа ја види голотијата негова: тоа е срам; да бидат истребени од својот народ: тој ја открил голотијата на сестрата своја – затоа ќе го прими гревот свој врз себе. 18#Ез 18,6Ако некој легне со жена кога е нечиста од истечување на крв, и ја открие голотијата нејзина, истечувањето на нејзината крв, и таа го открие истечувањето на својата крв: и обајцата да бидат истребени од народот свој. 19Голотијата од мајкината сестра и голотијата од сестрата на твојот татко не откривај ја, зашто таков човек открива роднинска голотија; тие гревот свој ќе го носат врз себе. 20И ако некој легне со својата стрина, тој ја открил голотијата на својот стрико: гревот свој нека го примат врз себе – нека умрат без деца. 21#18,16; Мт 14,3-12Ако некој ја земе братовата жена: тоа е гнасно дело; тој ја открил голотијата на братот свој, и обајцата ќе умрат без деца. 22#18,24-30Запазете ги сите Мои повелби и сите Мои заповеди и извршувајте ги – и нема против вас да негодува земјата, во која ве водам да живеете во неа. 23Не постапувајте според законите на незнабошците што ќе ги изгонам пред вас; затоа што тие сето тоа го правеа и Јас негодував против нив, 24#2 Мојс 3,8; 33,16; 4 Мојс 13,27; 5 Мојс 6,3и ви реков; вие ќе ја наследите земјата нивна и вам ќе ви ја дадам во владение земјата, каде што тече мед и млеко. Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве оддели од сите народи. 25#11,2-9; 5 Мојс 14,3-21; Дела 10,14Правете разлика меѓу чист и нечист добиток, и меѓу чиста и нечиста птица, и не осквернувајте ги душите свои со добиток и со птица и со она што лази по земјата, она што ви го одвоив како нечисто. 26#11,44; 2 Мојс 33,16; 5 Мојс 14,2; Ис.Н. 24,19; 2 Цар 19,22; Пс 99,3Бидете свети пред Мене, затоа што Јас сум свет Господ; Јас ве одделив од сите народи за да бидете Мои. 27#19,26-31; 20,6; 5 Мојс 18,11Маж или жена, ако извикува духови на мртви, или вража, да бидат убиени; со камења да ги убиете, виновни се.“
Currently Selected:
Левитска 20: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006