YouVersion Logo
Search Icon

Исус Навин 8

8
Освојувањето на Гај
1 # 5 Мојс 1,21 И му рече Господ на Исус: „Не плаши се и не се ужасувај; земи ги со себе сите мажи, способни за војна и оди во Гај; ете, Јас ќе го предадам во твои раце гајскиот цар и неговиот народ, неговиот град, и неговата земја. 2#4,12; Суд 9,43; 20,29Направи му на Гај и на царот негов исто она што му направи на Ерихон и на царот негов; само пленот и доби­токот негов поделете си го; постави заседа зад градот.“ 3Исус и сите мажи, способни за војна, се подготвија да одат во Гај; и одбра Исус триесет илјади храбри мажи и ги испрати во текот на ноќта, 4им даде заповед, велејќи: „Скријте се зад градот; не се оддалечувајте од градот и бидете сите готови; 5јас, пак, и сите мажи, што се со ме­не, ќе се доближиме до градот и штом жителите излезат против нас, како и порано, ние ќе избегаме од нив; 6тие ќе јурнат по нас, и така ние ќе ги одвлечеме од градот, зашто тие ќе речат: – бегаат од нас, како и порано; от­кога ќе избегаме од нив, 7вие станете од заседата и одете во градот, и Господ, вашиот Бог, ќе ви го предаде во рацете ваши. 8Откога ќе го преземете градот, запа­лете го градот со оган, постапете спо­ред заповедта моја; тоа ви го заповедам јас.“ 9Така ги испрати Исус, и тие отидоа во заседа и заседнаа меѓу Ветил и Гај, на запад од Гај; таа ноќ преноќева Исус среде народот. 10Откако стана утрината рано, Исус го прегледа народот и тргна – тој и ста­решините Израелови, пред народот, за Гај; 11и сите мажи, способни за војна, што беа со него, тргнаа, се приближија и дојдоа до градот од спротива. 12И се сместија на север од Гај, а меѓу нив и Гај имаше долина. Потоа Исус зеде околу пет илјади души и ги постави во заседа меѓу Ветил и Гај, на запад од градот. 13А народот се смести во логорот, кој беше на север од градот, додека неговата заседа беше на запад од градот. А Исус отиде таа ноќ среде долината. 14Штом царот на Гај го виде тоа, ста­на рано и излезе веднаш со жите­лите на градот против Израел во борба на определеното место пред рамнината; но тој не знаеше дека против него има заседа позади градот. 15Исус и целиот Израел, небаре, се разбиени од нив, избегаа кон пустината; 16а тие го повикаа целиот народ, што беше во градот, за да ги гонат, и, го­нејќи го Исус, се оддалечија од градот; 17и не остана во Гај и во Ветил ниту еден човек, кој не беше тргнал по Из­раел; а градот свој го оставија отворен, гонејќи го Израел. 18#8,26; 17,9-12Тогаш Господ му рече на Исус: „Спружи го копјето, што е во раката твоја, кон Гај, бидејќи Јас ќе го пре­дадам во твоите раце и заседата веднаш нека стане од своето место!“ Исус го спружи кон градот копјето, што беше во раката негова. 19А оние што беа во заседа станаа веднаш од местото свое и јурнаа, штом ја испружи раката своја, влегоа во градот, го презедоа и за миг го запалија со оган. 20Гајските жители, кога погледнаа назад, видоа дека од градот се крева дим кон небото. Немаше каде да бегаат – ниту натаму, ниту наваму; зашто народот, што беше во пустината, се сврте кон гонителите. 21Исус и целиот Израел, кога видоа дека оние што беа во заседа го презеле градот и дека од градот се крева дим, се вратија и почнаа да ги убиваат жите­лите на Гај. 22А оние од градот излегоа против нив, така што тие се најдоа меѓу Изра­елците, од кои едни беа на едната стра­на, а другите на другата; така ги разбија, што не оставија од нив ниту еден жив, ниту избеган; 23а царот на Гај го фатија жив и го доведоа кај Исус. 24Откако Израелците ги убија сите жители од Гај во полето и во пустината, каде што ги гонеа, и откако тие сите до еден паднаа од сечилото на мечот, тогаш сите Израелци се вратија во Гај и го поразија со сечилото на мечот. 25Бројот на мажите и жените загинати во тој ден изнесуваше дванаесет илјади. Сите беа жители на Гај. 26Исус не ја тргна раката своја, што ја беше испружил со копјето, додека не ги фрли во проклетство сите од Гај; 27само добитокот и пленот од тој град синовите Израелови го поделија меѓу себе, според Господовиот збор, што Господ беше му го кажал на Исус. 28#10,1; 4 Мојс 31,10Тогаш Исус го изгоре Гај и го пре­твори во вечни урнатини, кои стојат до ден-денес. 29#7,26; 5 Мојс 21,22-23; Јн 19,31А гајскиот цар го обеси на дрво до вечерта; по зајдисонце Исус пак им за­по­веда, и го симнаа трупот негов од дрвото, го фрлија пред градските порти во ров, и натрупаа врз него голем куп камења, кој постои до ден-денешен.
Читање на законот под гората Евал
30 # 5 Мојс 27,1-26 Тогаш Исус Му изгради жртвеник на Господ, Бог Израелов, на гората Евал, 31#2 Мојс 20,25како што Мојсеј, слугата Господов, им беше заповедал на синовите Изра­елови, за кое беше напишано во книгата на Мојсеевиот закон, – жртвеник од цели камења, до кои не допрело железо; и принесоа врз него сепаленици на Господ и жртви за мир. 32И таму на камењата Исус напиша препис од законот на Мојсеј, што тој го беше напишал за синовите Израелови. 33Сиот Израел, старешините негови и управителите негови и судиите негови, застанаа од едната и од другата страна на ковчегот спроти свештениците – ле­витите, кои го носеа ковчегот на заветот Господов, – како природените, така исто и придојдените жители, едната половина од нив кај планината Гаризим, а другата половина кај планината Евал, како што порано Мојсеј, слугата Гос­подов, беше заповедал да се благословува народот Израелов. 34#5 Мојс 11,29; 28,1-68Потоа Исус ги прочита сите збо­рови од законот, благословувањата и проклетствата, како што е напишано во книгата на законот; 35#5 Мојс 31,12од сѐ, што Мојсеј му беше запо­ведал на Исус, немаше ни збор што Исус не го прочита пред целото израелско собрание, пред мажите и жените и децата и придојдените што се најдоа меѓу нив.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in