YouVersion Logo
Search Icon

Исус Навин 24

24
Израел одлучува да Му служи на Бога
1Тогаш Исус ги собра сите племиња Израелови во Сихем и ги свика старешините на Израел и кнезовите негови, судиите негови и управителите негови, и тие се претставија пред Бога. 2И му рече Исус на целиот народ: „Вака вели Господ, Бог на Израел: ва­шите татковци, Тара, таткото Авраа­мов и таткото Нахоров, во старо време живееја од онаа страна на Реката#24,2 Еуфрат и им служеа на други богови. 3#1 Мојс 12,1-6Но јас го зедов таткото ваш Авраам од онаа страна на Реката, го водев до земјата хананска, му го умножив семето негово и му го дадов Исак. 4#1 Мојс 19–26На Исак му ги дадов Јаков и Исав. На Исав му ја дадов во наследство гората Сеир; а Јаков и синовите негови влегоа во Египет. 5#2 Мојс 3,10; 4,14-16; 7,14–12,36; 17,1-13; Пс 105,26Тогаш ги испратив Мојсеј и Арон и го совладаа Египет со она што го из­вршив таму, а потоа ве изведов. 6Ги изведов татковците ваши од Еги­пет, и вие дојдовте кај Црвеното Море. Тогаш Египќаните се спуштија по татковците ваши со коли и коњаници до Црвеното Море; 7но тие повикаа кон Господ, и Тој спушти густа магла меѓу нас и Егип­ќаните и го наведе на нив морето, кое и ги покри. Очите ваши видоа што на­прави Господ во египетската земја и вие останавте во пустината многу денови. 8#4 Мојс 21,21-35; 5 Мојс 2,26–3,11И ве воведе во земјата на Амо­рејците, кои живееја од онаа страна на Јордан; тие станаа против вас, но Господ ги предаде во ваши раце, и вие ја добивте како наследство земјата нивна и ги истребивте од пред лицето ваше. 9#4 Мојс 22–24Се крена Валак, синот на Ципор, моавскиот цар, и отиде со војска против Израел, и испрати да го повикаат Беоровиот син Валаам, за да ве фрли во проклетство; 10но Господ не сакаше да го послуша Валаам, – тој ве благослови, и јас ве избавив од рацете негови. 11Вие го преминавте Јордан и дојдовте во Ерихон. И почнаа да војуваат против вас жителите на Ерихон: Аморејците и Перизијците, Хананците и Хитијците, Гергесејците, Евејците и Јевусијците, но Господ ги предаде во вашите раце. 12И испрати пред вас стршели, кои ги изгонија од пред вас двајцата аморејски цареви; без твојот меч и без твојот лак. 13#5 Мојс 30,15-20; Пс 44,3-7; Неем 9,25И ви даде земја, за која вие не сте се труделе, и градови што не сте ги граделе, и вие живеете во нив; и лозја и маслини, кои не сте ги саделе, а јадете плодови. 14#5 Мојс 10,12; 18,13И така, имајте страхопочит кон Господ и служете Му со чистота и искреност; и отфрлете ги боговите на кои им служеа предците ваши од онаа страна на Реката и во Египет, и служете Му на Господ. 15Ако, пак, не ви е мило да Му служите на Господ, одберете си сега, кому да му служите: на боговите ли, на кои им служеа предците ваши, кога беа од онаа страна на Реката, или на боговите на Аморејците, во чија земја живеете, а, пак, јас и домот мој ќе Му служиме на Господ.“ 16#22,29Одговори народот и рече: „Не, тоа никако! Нема да Го оставиме Господа и нема да им служиме на други богови! 17Зашто Господ е наш Бог; Тој нѐ изведе нас и таковците наши од египетската земја, од домот на ропството, и правеше пред очите наши големи чуда и нѐ чуваше по целиот пат, по кој одев­ме, и меѓу сите народи, низ кои минувавме. 18Господ ги изгони откај нас сите народи и Аморејците, што живееја во оваа земја. Затоа и ние ќе Му служиме на Господ, бидејќи Тој е наш Бог.“ 19#3 Мојс 11,44; 19,2; 20,26; Ис 6,3Исус му рече на народот: „Не ќе може да Му служите на Господ, зашто Тој е свет Бог, Бог ревнител; Тој нема да го истрпи беззаконието ваше и гревовите ваши. 20Ако Го оставите Бога и им служите на туѓи богови, Тој ќе испрати на вас зло и ќе ве истреби, место да ви направи добро.“ 21И народот му одговори на Исус: „Не, ние ќе Му служиме на Господ.“ 22Исус му рече на народот: „Сведоци ли сте вие за себе дека Го избравте Господа да Му служите?“ Тие одго­ворија: „Сведоци сме.“ 23#Суд 10,16„А сега, отфрлете ги туѓите богови што се меѓу вас и свртете го срцето свое кон Господ, Израеловиот Бог.“ 24Народот му рече на Исус: „На Господа, нашиот Бог, ќе Му служиме и гласот Негов ќе го слушаме.“ 25И тој ден Исус направи со народот завет и му даде наредби и закони во Сихем пред скинијата на Господ, Бог Израелов. 26#5 Мојс 29,11-12; Неем 10,11И ги запиша Исус тие зборови во книгата на законот Божји, па зеде голем камен и го постави таму под дабот, што е пред светилиштето Гос­подово. 27#1 Мојс 31,48.52; 5 Мојс 31,26И му кажа Исус на целиот народ: „Ете, овој камен ќе ни биде сведок, бидејќи тој ги слушна сите зборови на Господ што Тој ви ги кажа денес; тој нека биде сведок против вас, ако некогаш лажете пред Господ, Вашиот Бог.“ 28#Суд 2,6И потоа Исус го испрати народот, секој во местото свое.
Смртта на Исус
29И по сето тоа умре Исус, синот Навинов, слугата Господов, на сто и десет години. 30И го погребаа во пределите на де­лот негов во Тимнат-Серах, во Ефре­мовата Гора, на север од планината Гааш. 31И Му служеше Израел на Господ во сите денови Исусови, и во сите де­нови на старешините, кои го поминаа времето со Исус и кои ги видоа сите дела што му ги направи на Израел. 32#1 Мојс 47,29-30; 50,24-25; 2 Мојс 13,19; Јн 4,5; Дела 7,16И коските на Јосиф, кои Израе­ловите синови ги изнесоа од Египет, ги погребаа во Сихем, во оној дел на полето, што Јаков го беше купил од сино­вите аморејски, кои живееја во Сихем, за сто сребреници и му ги даде како дел на Јосиф. 33Потоа умре и Ароновиот син Еле­азар, и го погребаа на ридот Финес, кој му беше даден на Ефремовата Гора.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in